БАЈКОВИТИ ЗЕЛЕНИ ПОКРИВИ ВО НОРВЕШКА

  • 1

Додека во Франција е донесен закон со кој зградите изградени во комерцијалните зони мораат да бидат покриени со зелена површина или соларни панели, во Норвешка зеленилото на покривите е еден вид на симбол на земјата и традиција која трае со векови. Низ Норвешка може да се видат куќи со бујна вегетација на крововите кои се вклопуваат со околниот пејсаж. Густа зелена трева, цвеќа дури и дрвца се само дел од вегатацијата која може да се забележи.

Постојат голем број на предности на ваквите покриви. Освен што изгледаат интересно, тие се долготрајни, овозможуваат поголема стабилност на градбата и подобра изолација со што придонесуваат за намалувањље на енергијата потребна за греење на куќата во зима и ладење во текот на летото.

Во среден век, за време на Викинзите, поголем дел од Норвешките куќи биле прекриени со трева. Таа традиција траела се до 19ти век.

"ДОЛГОТРАЈНИ, ОВОЗМОЖУВААТ ПОГОЛЕМА СТАБИЛНОСТ НА ГРАДБАТА И ПОДОБРА ИЗОЛАЦИЈА"

Во поново време зелените покриви доживуваат вистинска ренесанса. Норвежаните ја согледаа предноста на ваквите кровови и ја оживеаја оваа традиција.

Голем дел од институциите и комерцијални згради ги интегрираа зелените кровови во склоп на градбите, а од 2000 година, Скандинавското здружение за зелени покриви доделува годишна награда за најдобар проект за зелен покрив.

Compare listings

Compare