ЗДРАВ ПОКРИВ – ЗДРАВ СЕМЕЕН ДУХ

  • 1

Знаете ли дека состојбата на покривот треба да се проверува барем еднаш во годината? Зимата е непријател на покривот и секој го знае тоа. Затоа да се подготвиме пред таа да настапи. Есента полека поминува и сега имаме можност да се погрижиме за оние делови од нашите домови, кои се грижат за нашата сигурност и удобност во секој ден од годината.

Дури и највисоко квалитетните покриви и материјали имаат свој сопствен експлоатациски век. Овој век може да биде продолжен максимално долго, ако знаеме неколку основни правила за поправање и одржување на покривот и ако правилно се грижиме за него.
Какви се симптомите, според кои покривот има потреба од поправка? – Протекувања, оштетени ќерамиди … тоа го знае секој. Но има и други елементи на покривот, кои ја гарантираат нашата сигурност скриени зад убавите бои и форми, кои можат да ни кажат, дека треба да се направи нешто за нашиот покрив – на пример неквалитетна и оштетена фолија или недостаток на таква фолија се сериозен фактор за идни проблеми. Колку побрзо реагирате, толку помалку разходи ќе имате во иднина.
Што може да направиме? – Така нареченото “претресување” на покривот е многу често среќавана практика, при што ќерамидите се подигаат една по една и внимателно се прегледуваат за оштетувања. Тоа овозможува да се погледне и дрвената конструкција под нив како и подпокривната фолија. И ако оштетената ќеремида лесно може да се замени, за остатокот е добро да се размисли навреме и да решиме дали сакаме да правиме поправки секоја година или еднаш засекогаш. Ако е второто – да избереме решенија, кои ни гарантираат десетици години спокојство. Какви се тие решенија?

Ако се докаже дека конструкцијата е оштетена – да се провери, дали влагата што ја оштетила е навлезена под ќерамидите поради скршени ќерамиди или моделот коj го користиме не овозможува добро закрепување помеѓу ќерамидите и пропуштаат вода. Друга можна причина е нивното неправилно подредување, така што ќе се изведе водата надвор од покривот или едноставно се заштедило на елементи како држачи за снег, кои не дозволуваат свлекување на масата снег при топење со што би се уништиле ќерамидите и стреите под нив, ако има такви. Добрата вест е, дека новите додатоци, керамични и некерамични – кои играат различна улога во сигурноста на покривите можат да се монтираат и после изградбата на покривот.
Многу често како причина за оштетување на покривот се среќава користењето на неквалитетни материјали, како што е подпокривната фолија, чија функција е да ја штити целата подпокривна површина од дрвената конструкција до дрвената облога. Името “црна хартија”, општо користено за сите видови подпокривни фолии под еден заеднички назив, овозможи “вметнување” на многу некавалитетни материјали во оваа категорија. Такви неквалитетни материјали со сомнително потекло уништиле не еден покрив. Статистиката покажува дека повеќе од две третини од покривите во Македонија се “облечени” со точно такви. Нивниот рок на употреба е година-максимум две и не се способни да го контролираат процесот на движење на водните пари во било која насока на движење. Многу често сме биле сведоци на покриви чии подпокривни конструкции со текот на времето изгниле.

Основните функции на подпокривните фолии не се сведуваат само на спречување на преминувањето на влажноста од надвор кон внатрешноста. Малку позната, но апсолутно морална функција е, да ги изведат генерираните од човековата активност подпокривни водни пари надвор од покривот. Затоа што, токму таквата влага многу ја оштетува конструкцијата на нашиот покрив. Затоа фолиите кои извршуваат и таква функција, се нарекуваат “пародифузни”.
И ако се покаже дека нашиот случај е токму таков, единственото решение е откривање на целиот покрив, промена на конструкцијата и опшивката и задолжително користење на висококвалитетна пародифузна подкокривна фолија. Најосновни карактеристики според кои треба да се разликува една таква фолија од останатите:
● Трислојна пародифузна фолија со активен (дишачки) слој и вградена микропореста мембрана или уште подобро монолитна мембрана која да обезбедува изведување на водената пареа преку конвекција
• Термичка стабилност во широк температурен опсег: од -40˚С до + 80˚С
• УВ заштита која гарантира долготрајност на фолијата
• Густина: 145 гр. / М2
• Присуство на самолепливи ленти кои обезбедуваат доброто преклопување помеѓу одделните ролни и лесно прицврстување

Сега кога знаеме што да бараме за нашиот покрив, може да бидеме сигурни во високиот квалитет, што ќе го добиеме. А додека сме на темата висококвалитетни материјали и замена на целосниот покрив, пожелно е да се информираме што точно е вклучено во еден целосен покривен систем и да инвестираме во долготрајни решенија со барем 33 години гаранција. Затоа што само така ќе си гарантираме дека ќе одмориме од поправки за долг период и ќе имаме време за себе, за семејството, за пријателите.

Compare listings

Compare