ЗАВЕСИ ВО ДОМОТ

  • 1

Без разлика дали сте во потрага по раскошни драпери или лесни материјали за завеси – самата иницијација да најдете декор во просторијата кој што ќе одговара покажува дека сте љубител на украсување на просторот.

Завесите се мерило за убаво уредување на домот и детал кој што е забележлив не само од внатрешната страна туку и низ прозорите во надворешноста. Мислењата сепак се поделени, некои не сакаат завеси во домот и вешто ги избегнуваат, додека други пак не го замислуваат домот без овој важен детал. Освен што може да ја спречат или пропуштат светлината во просторијата, тие го оставаат „печатот“ на ентериерното уредување.
ГУСТИ И ТЕШКИ ЗАВЕСИ. Било да станува збор за еднобојни или шарени завеси, од овој тип на завеса се очекува да привлече внимание и да ја нагласи елеганцијата на домот или неговото шик декорирање. Ентериерот го надополнуваат со посебност и имаат необичен магичен ефект.

Од друга страна пак, КОНТРАСТНИТЕ КОМБИНАЦИИ, како на пример црно – бела комбинација на завеси има за задача да подари елеганција и отменост во просторот. Доколку целиот ентериер е во светли тонови, понекогаш некој детал со темна нијанса едноставно го пробудува заспаниот ентериер. Контрастот нагласува, освежува и го прави ентериерот како нов.

"КОНТРАСТ ЗА СВЕЖ, НАГЛАСЕН ЕНТЕРИЕР"

ДОЛГИ ЗАВЕСИ СО ТОПЛИ БОИ. На пример розевите завеси со слични тонови ја нагласуваат едноставноста и удобноста на амбиентот. Иако долгите завеси значат елеганција, со правилен избор на бои се постигнува релаксирачки ефект во просторот кој што оддава топлина и ја потенција усогласеноста на деталите.

СВЕТЛИТЕ, тешко воочливи завеси како кремави или бели или завеси со нежни пастелни тонови имаат за цел да го пополнат просторот но не и да го оптеретат. Во поголем број случаи тие што го преферираат овој стил на уредување на домот со завеси во пастелни и светли бои ја сакаат светлината и сметаат дека самиот амбиент е доволно силен, со што завеси со јаки бои не се неопходни. Завесите се присутни во просторот, но како да ги нема, создавајќи деликатно нежна атмосфера.

Извор: http://enterijer.ba

Compare listings

Compare