3 ОДЛИЧНИ НАЧИНИ ЗА ЗАШТИТА НА ВАШИОТ ПОКРИВ ОД СНЕГОТ

  • 1

Зошто чувствуваме страв од зимата и снегот? Сите ние ги паметиме големите наноси од бел, прашкаст снег, на кој како мали вистински и невино се радувавме. Битките со снежни топки, лизгањето по големите ридови со санки или дури и со најлон кеси. Дали го загубивме детското во себе, претворајќи се во вечно вознемирени возрасни? Можеби годините не се тие што го менуваат нашиот став кон зима и снегот, а стравот дека никогаш не сме подготвени за нив.

Во пресрет на многу снег, но не секогаш целосно подготвени за него

Ќе ги затворат патиштата кон родниот град и нема да се прибереме за празниците, градскиот транспорт ќе биде запрен, авионските билети ќе пропаднат, покривот на куќата ќе подлегне и маса снег ќе се падна над нашите глави … Повеќето од овие несреќи се надвор од нашата контрола, но за среќа постојат и такви каде што можеме да се вмешаме. Една од нив е да го заштитиме покривот и нашите сакани кои живеат под него од снегот. Така ќе бидеме спокојни дека сме го направиле она што е во наши раце.

За да се подготвиме за зимата и снегот, уште при проектирањето на домот треба да се приложат најдобрите системи за таа цел.

Зошто да користиме елементи кои го задржуваат снегот?

Најсериозено при обилните снежни врнежи е брзата акумулација и последователното брзо топење. Тоа се случува не одат од затоплувањето на воздухот, туку од контактот на снегот со керемидите. Тие се со различна температура и имаат акумулациски капацитет. Односно благодарение на нивната потопла површина, го топат снегот одоздола многу брзо. Се формира тенок слој вода и снежната маса почнува да се лизга на неа. Недостатокот на правилно поставени елементи за задржување на нег е предуслов за лавинско лизгање на голема маса снег.

Решение: Вметнување повеќе елементи или комбинација на елементи за да се спречи лизгањето.

Прв начин: Ќерамиди кои задржуваат снег

Ова се најобични ќерамиди, а карактерното за нив е т.н. “нос”. Неговата главна функција е да штрчи, но и да остане сокриен во снегот. Позитивното кај овие ќерамиди, е дека не се разликуваат од целокупната визија на покривот, бидејќи се од ист материјал како и останатите ќерамиди. Пред да се заврши покривот, се прават различни пресметки за да се одреди точниот број на потребни ќерамиди кои задржуваат снег. Во нив влегуваат: наклонот на покривот; снежните зони, растојанието од покривот до гребенот, положбата спрема сонцето и др.

Втор начин: Снежни држачи

Во регионите со поголеми снежни врнежи и покриви со пострмен агол, подобро е да користиме посигурен начин – снежни држачи. Тие се метални и прикачени на горниот раб на ќерамидите, односно секој модел ќерамида има соодветен држач. Овде висината на ќерамидите е поголема, што го прави задржувањето на снегот уште посигурно.

Пресметката на потребниот број држачи е слично на она за снежните ќерамиди и исто така зависи од наклонот на покривот и регионот. Во повеќето случаи се потребни од 2 до 5 држачи на квадратен метар, а при надморска височина над 800 метри нивниот број треба да е 3. Колку повеќе врне снег, толку повеќе држачи ќе бидат потребни.

Трет начин: Решетки за снег

Во одделни случаи големиот број ќерамиди и држачи не даваат естетски изглед на покривот. Тогаш подобро е да се избере третиот пат: решетки за снег. Тоа се метални носачи, слични на држачите за снег, но на нив се монтирани уште метални решетки паралелни на олуците.

Функциите им се слични на оние на држачите, а плусот е тоа што со една решетка се покрива поголема површина. Нивната должина изнесува од 1,5 до 3 м, а од неа зависи капацитетот на различните носачи. За еден елемент се користат од 3 до 7 носачи.

Решетките за снег се најпогодни за покриви на згради во региони со силен ветер, каде што ветрот е со константна насока и лесно се собираат снежни маси над стреите.

Најдоброто решение: комбинирајте ги разните елементи за задржување на снег

Најдоброто решение (пред сè за високопланинските региони) е комбинацијата на елементите – на пример одоздола се монтира решетка, а по неа нагоре низ целиот покрив по шаховска шема се поставуваат држачите.

Пред да изберемe било која од горепосочените опции, неопходно е да се консултираме со специјалист. Така заштитата на нашиот покрив и нашите блиски под него ќе биде загарантирана.

Compare listings

Compare