Во домот внесува софистицираност, разиграност и стил. Без разлика дали би се одлучиле за бојадисување ѕид во виолетова боја или веќе постоечкиот мебел го украсите со виолетови детали, ќе успеете да го оживеете просторот оваа пролет.
Можеби сте особа која преферира неутрален простор или пак ентериер со сјајни тонови, но виолетовата боја е онаа која има моќ да се истакнува во просторот.
Со мала доза на оваа боја се создаваат големи ефекти. Може да ја внесете како додаток – перница или некое уметничко дело – а е идеална за внесување топлина во спалната соба. Може да ги испробате и светлите нијанси на виолетова боја. Искомбинирани појаките нијанси на виолетова боја со бела или боја на лаванда го отстрануваат јакиот интензитет на оваа боја. Исто така интересна е комбинацијата со бојата на ментол. За спокоен животен простор одлучете се за комбинација на тонови на зелена нијанса – ментол или циклама боја.