УРЕДУВАЊЕ ТРПЕЗАРИСКИ ПРОСТОР

  • 1

Трпезаријата е доста важен дел од Вашиот дом. Место каде што уживате во храната, се опуштате и смеете. Традиционално, трпезариите одсекогаш биле формални простории, но денес не постои ниту една причина поради која оваа просторија во домот не би требало да изгледа прекрасно и лежерно во исто време. Еве неколку совети како да ја уредите Вашата трпезарија.

КОРИСТЕТЕ СИВА БОЈА. Интересна боја која не го заморува окото како другите јаки бои. Во секоја просторија во која се користи и додава сјаен и хармоничен изглед. Совршена опција за опуштен изглед.
МЕШАВИНА ОД ВИСОКО И НИСКО. Комбинацијата на столови со високи потпирачи и ниски креира уникатен амбиент кој ќе ги опушти Вашите гости. Оваа стилска мешавина е сосема спротивна од обичниот начин на поставување на столови кој делува строго и го уништува опуштањето.
НЕУТРАЛНОСТ. Исполнете ја оваа просторија со неутрални дизајни и бои за да постигнете лежерен изглед. На овој начин просторијата ќе изгледа сјајно особено ако имате рустичен дрвен под.
 

АКЦЕНТИРАЈТЕ СО НЕЖНО СИНИ ПРЕДМЕТИ. Сината керамика создава чувство на топлина во просторијата. Често оваа боја се занемарува во трпезаријата иако прави голема разлика во целокупниот изглед на просторијата.
СТАКЛЕНИ И МЕТАЛНИ ЛУСТЕРИ. Осветлувањето во трпезаријата доживеа промена. Модерните лустери се стилски и полни со карактер, а комбинацијата од стакло и метал одлично се вклопува со секој можен декор.
ДОДАДЕТЕ МЕСТО ЗА СЕДЕЊЕ ПОКРАЈ ПРОЗОР. Ако имате можност да создадете катче покрај прозор за седење тоа би било одлично. На овој начин ќе создадете инстант опуштено чувство во просторијата.

"АКЦЕНТИРАЈТЕ СО НЕЖНО СИНИ ПРЕДМЕТИ"

НЕЖНО КАФЕАВИ И ЗЛАТНИ ТОНОВИ. Верувале или не- правилната употреба на кафеава боја создава совршена трпезарија. Додадете нежно кафеави драпери како и златни ситни детали.
УМЕТНОСТ. Белите или обоени ѕидови како и мебел во сиви нијанси придонесуваат за уметничко, галериско чувство во просторијата. Голем постер, фотографија или уметничко дело комплетно ќе го промени изгледот и амбиентот на трпезаријата.
РУСТИЧНА ДРВЕНА МАСА. Со оглед на тоа што масата во трпезаријата е главното парче предмет истата мора да биде стартната точка за декорација. Направете истата да изгледа гостољубива и пријателски насочена.

СВЕТОЛ ДРВЕН ПОД. Дрвените подови со светли нијанси делуваат понежно и се поинтересни од традиционалните махагонови подови. Отвараат можност за креирање контраст. Во продолжение погледнете неколку трпезариски простории кои можеби ќе ве инспирираат да направите некоја промена во Вашата трпезарија.

Compare listings

Compare