ВГРАДЕНИ плакари со лизгачки врати-идеални за поткровје. Најниските делови најдобро е да се искористат за поставување гарнитура, кревети, работни маси. Во деловите под 170см избегнувајте да оставате простор за поминување, организирајте ги како делови за полици, тв, сакции со цвеќа и сл.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ масивен мебел и мешање стилови. Предност дадете на практичниот, мултифункционален кој може да послужи како простор за складирање предмети. Не се ограничувајте на БОЈАТА на ѕидовите. Истакнете еден ѕид или два спротивни со темна боја со што визуелно ќе го разбудете просторот.