Во однос на тапетите, најдобра опција е ограничување на истите на еден ѕид, избегнување на комбинации на различни видови тапети. Во дневниот простор исто така најчесто се сместуваат и одредени шкафчиња во кои дополнително се скалдираат одредени стаклени предмети и слично кои само дополнително го натрупуваат просторот. Подот е приказна сама за себе на која не и се посветува доволно внимание. Неговата важност е подеднаква со ѕидовите. Најчесто се донесува одлука за поставување паркет, а денес на пазарот може да се издвојат многу нови материјали кои подеднакво парираат со квалитет и естетика на паркетот. Подот мора да биде прилагоден на мебелот и останатите детали во просторот. Светлината исто така е доста важна за дневниот простор. Со помош на светлината се проширува или смалува одреден простор и се создава сосема поинаква атмосфера. Добро би било во дневната соба да има ламба која што создава услови за одмарање, читање книга или гледање филм. Завесите пак, имаат двојна функција. Покрај што се украс, спречуваат и продор на светлина кај прозорите кои немаат ролетни. Во овој случај, тие се задолжителни.