Поткровјата се посебни и честопати како сами да бараат украсување – на некои им недостасува простор, некои можеби имаат премногу пад, некои немаат доволно висина за новогодишна елка – пронајдовме украси кои нема да ви одземат простор, а сепак ќе бидат ефективни, празнични и новогодишни.
Претежно се направени од хартија, иако има и други материјали. Бидејќи овие украси можете да ги направите сами, логично е да можете да одбирате бои, иако оваа година, за ваков вид украси, најмногу се истакнуваат традиционалните новогодишни бои: црвена, златна, зелена, бела и сребрена.
Многумина од вас работат од дома, токму во вашите поткровја, поради ова решивме да ви дадеме неколку предлози за тоа како да ја украсите домашната канцеларија и да бидете во тек со духот на празниците.
Се разбира, сите предлози се во форма на фотографии, бидејќи во овој случај, фотографиите кажуваат сè што треба да знаете. 🙂
Уживајте и пишете ни доколку ви се допадна некоја идеја 🙂