НАЈПОПУЛАРНИ ТРЕНДОВИ ВО УРЕДУВАЊЕ НА ЕНТЕРИЕРОТ

  • 1

Кога станува збор за уредување на ентериерот, на големите светски сајтови се напоменати трендовите кои ќе ја одбележат оваа година. Посебен акцент е ставен на иновативното осветлување, ефективни дезени и бои како и впечатливи парчина мебел, односно трендови кои на едноставен начин комплетно го трансформираат просторот.

Иако осветлувањето долго време беше елемент кој се остава за крај, откако се останато ќе се уреди, денес и тоа како телата, особено ИНОВАТИВНИТЕ тела за осветлување се неопходен дел од еден ентериер, без разлика дали станува за стамбен или комерцијален простор. По продавниците може да се сретнеме со многубројни необични осветлувачки тела кои ја соединуваат врвната технологија со иновацијата. Осветлувачките тела може да имаат различни верзии и бројни додатни функции. ЖЕНСТВЕНАТА ЕСТЕТИКА е во тренд исто така. Посакувано е да се видат парчина мебел кои кокетираат со својата женственост. Тоа значи доста елегатно заоблени линии, детали, текстури и нежни пастелни бои кои веднаш ќе асоцираат на понежниот пол. Добредојдени се во секој тип на ентериер.

МАТЕРИЈАЛИТЕ СЕ ДОСТА ВАЖНИ. Комбинирањето на различни материјали и дезени ќе доминира оваа година. Без разлика дали станува збор за под, таван, ѕидови, важно е целокупната сценографија да биде добро составена. Она што има важна улога во оваа игра се плочките кои на просторот ќе му дадат одреден шарм и естетика. ПЛУТАТА пак, се враќа на голема врата – еколошки еден од најпотценетите материјали, кои во комбинација со контрастни материјали како керамика, мермер или блескав месинг за изработка на декоративни предмети, мебел, ламби…

"ПЛУТАТА СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМИ ВРАТИ"

На овогодинешниот саем во Милано, откриена е популарноста на таканарешената „МИЛЕНИУМСКА РОЗЕВА” боја на мебел. Ова име се однесува на пригушената нијанса на розева боја која што е некаде помежу беж и пудресто розева. ТКАЕНИНИТЕ се тие што во просторот го променуваат или нагласуваат одреден стил. Доста практични и ефективни. Она што посебно се истакнува се килимите кои со своите мотиви изгледаат како сликарски платна и стануваат вистински уметнички дела кои во целост го трансформираат просторот.

СПОЈ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА И ДИЗАЈНОТ. Денешниот живот е со поглед кон иднината. Оваа година, класичните начини на уредување на домот се заменети со нови технолошки ориентирани. Мебелот еволуира, а технологијата е често вградена во него. Кој би оддолел на додатоци кои се декоративни а воедно и паметни? Се повеќе сме сведоци на МОДЕРНИЗИРАНИ КУЛТНИ ДИЗАЈНЕРСКИ ПАРЧИЊА мебел. Кон овој тренд се наклонети голем број на дизајнерски куќи, кои ги освежуваат одредени елементи мебел, без разлика дали станува збор за промена на одреден материјал од кој се направени или промена на бојата и текстурата. Во секој случај, модернизираните класични предмети се согледуваат како највпечатливи парчина во просторот.

Извор: www.kucastil.rs

Compare listings

Compare