Сакате да го уредите домот во ретро стил?Помешајте топли тонови на бронза со цитрус-ПОРТОКАЛОВА боја. За да внесете повеќе енергија во домот употребете боја на мандарина со бела и нијанса на зелено јаболко. Пригушено ЖОЛТИ нијанси се за мали простории. Надополнета со боја на маслина,сива или окер се внесува егзотика во домот. Пастелно жолта боја ја освежува секоја просторија. Може да ја користите заедно со плава,сива или зелена нијанса. Темно портокалови тонови во комбинација со сиво-сина,зелена и боја на слива даваат впечаток на ракош и топлина.