Тоалетната маса е софистициран декоративен додаток во просторијата. Силен барок, vintage, модерен, ретро, минималистички или било кој друг стил кој се преферира секогаш може да биде актуелен избор за тоалетна маса. Таа е задолжителен дел од декорот на спалната соба, иако не е редок случај да се најде во тоалетот, посебна соба или како дел од ходникот. Природни бои, драматични темни нијанси или најразлични материјали (стакло, метал, дрво) – изборот зависи од желбата да се усогласи со останатиот мебел во просторот или дали сакаме посебно да ја истакнеме во поглед на постоечкиот декор во ентериерот.