За целосно темни ентериери е потребна доза на храброст и одлучност во поглед на впечатокот кој таа го остава. Црната е навистина впечатлива боја која што остава ефекти кои се незамисливи за некоја друга боја. Оваа боја создава прекрасни ентериери кои што зборуваат сами за себе, а оддаваат софистицираност и драма. Таму каде што постојат високи тавани или има доста природно светло, постојат одлични предуслови за внесување на црна боја во просторот. Уживањето во оваа боја подразбира и организација на светлината и завесите, односно на сите елементи кои се поврзани со изворот на светлина.