ВАЖНОСТА НА СВЕТЛИНАТА ВО ДНЕВНАТА, ДЕТСКАТА И СПАЛНАТА СОБА

  • 1

Дневната е главната соба во нашиот дом и има многу различни функции. Тука, семејството и пријателите се собираат, читаат, гледаат телевизија, играат, слушаат музика и се одмараат. Често, дневната соба е најголемата соба во домот.

Користете максимално дневна светлина
Кога ja организирате собата во однос на светлината, природната светлина треба да е приоритет. Внесете ја дневната светлина колку е можно повнатре во дневната соба, на пр. со избирање прозорци, кои пропуштаат многу светлина. Високо поставените покривни прозорци обезбедуваат најдобра светлина во средината на собата.

Добро осветлување во дневната соба


● Подобро користете ја дневната светлина отколку вештачко осветлување. Поудобно е, а е и поздраво – и е еколошки.


● Наредете го мебелот според неговата функција: На пример, на телевизорот треба да стои во потемен дел, додека катчето за читање треба да е светло.

● Обезбедете си што повеќе дневна светлина во внатрешноста на собата и обрнете повеќе внимание на вештачкото осветлување во агли лоцирани далеку од прозорецот.

● Изберете прозорци кои пропуштаат многу светлина, но и направете така што да можете да ја контролирате дневната светлина со ролетни или тенди.

● Изберете светли ролетни и рамки за прозорците, како и светли ѕидови и тавани. Тие ја одразуваат добро светлината и помагаат да се осветли собата.

● Спуштајте ги ролетните само тогаш кога сончевата светлина започнува да ве иритира.

● Темните ѕидови, мебел и теписи “впиваат” многу светлина. Користете ги како елементи за контраст, за да дадете карактер на Вашата соба.

● Користете ја дневната светлина, за да создадете различни функционални места во дневната соба: катче за читање, софа за одмор, внатрешна декорација, место за јадење итн.

Детската соба
Собите предвидени за деца и тинејџери имаат многу функции во текот на денот и ноќта – особено додека децата растат. Собата се користи ден и ноќ за игра, пауза, подготовка на домашно и спиење. Потребата од светлина – како дневна така и вештачка, варира – од добро осветлена просторија за игра и учење до целосно затемнета соба за непречено спиење ноќе.

Добра светлина во собата за игра

● Сончевата светлина диверзифицира и ја прави попријатна играта на децата. Малите деца често играат по подот и им е потребна добра осветленост на целата просторија.

● Ролетните и тендите Ви овозможуваат да го контролирате протокот на дневна светлина, за да создадете возбудливи бои и шари во собата на вашето дете или да ја затемните целосно просторијата при спиење.

● Погодна работна светлина е особено важна за поголемите деца кои го поминуваат времето пред компјутер во пишување на домашни или во игри.

 

Спалната соба
Се повеќе и повеќе ја користиме спалната како лично катче за приватност, а не само како соба во која поминуваме ноќта. Овде наоѓаме мир да читаме, да работиме, да гледаме телевизија, да одмараме или да сме сами и да се насладуваме на тишината.

Добра светлина во спалната соба
● Дневната светлина и пријатниот поглед ве тераат да се чувствувате добро во вашата спална соба. Нема ништо поубаво од тоа да се разбудиш и да ја почувствуваш свежината на новиот ден.

● Можноста да ја контролираш светлината и да ја проветриш просторијата гарантира здрава клима во вашиот дом цело деноноќие. Надворешните ролетни ви дозволуваат целосно да ја контролирате светлината и топлината. А со внатрешните ролетни VELUX можете да ја ублажите дневната светлина и да ја прилагодите според вашите желби.

● Не заборавајте да назначите катче со светлина за работа и читање.

● Многу е важно како се распоредени прозорците, како за осветлување, така и за греење на Вашата соба. Во спалната соба, најдобро е прозорците да гледаат на североисток, бидејќи можат да пропуштаат сончев светлина наутро, но да ја ограничуваат светлината и топлината кои влегуваат во собата во текот на остатокот од денот.

Compare listings

Compare