Кога станува збор за КУЈНАТА која што е најголемиот потрошувач на енергија во домот препораките за заштеда на енергија се следни. При купување фрижидер, шпорет или машина за перење купете модел кој најмногу штеди енергија. Иако ќе биде поскап, сепак долгорочно ќе се покаже како подобра инвестиција, така што сметките за струја ќе бидат многу помали. Готвењето освен што е забавно и релаксирачки, може да биде и економично. Доволно е само да ставите капак на тенџерата додека готвите. Со овој потег сте заштедиле енергија дури и до 30%. Исто така важно е да не ја држите вратата на фрижидерот отворена подолго време отколку што е потребно. Доколку не е неопходно не ги поставувајте шпоретот и фрижидерот или замрзнувачот еден покрај друг. При миење садови може да заштедете енергија така што машината за садови ќе ја користите само кога ќе биде наполнета.