ОД СТАРИ ШИШИЊА ДО НОВИ УКРАСИ ЗА ДОМОТ

  • 1

Сигурно имате доста празни шишиња кои сакате да ги фрлите во отпад. Меѓутоа зошто да не ги искористите и направите нешто необично? Во продолжение следат неколку идеи како да го уредите домот со помош на стари шишиња.

Сечејќи го долниот дел од пластичното шише Вие сте направиле саксија за цвеќа. Друг начин за декорација е да ги исфарбате винските шишиња и да ги украсите дополнително со светулки по Ваш избор. Идеален начин за да го украсите екстериерот е така што ќе направите едноставен фенер од стаклено шише така што ќе го исечете долниот дел од шишето . Доколку пак сакате да бидете романтични доволно е да ги поставите шишињата на кои што сте им го исекле долниот дел на под, а во нив да поставите свеќи.

Комбинацијата на пример на три шишиња со различна големина може да биде перфектна за изработка на вазна. Се што Ви треба се шишиња, лента која што ќе ги држи заеднo,цвеќиња и домот е освежен.

"СТАРИ ШИШИЊА-НОВИ ВАЗНИ"

Шишињата може да бидат искористени и како држачи на накит, или пак саксии. За да направите саксија се што треба е да го пресечете шишето на половина и да посадите семе во нив. Кога ќе почнат цвеќата да растат ќе се изненадите колку само прекрасно изгледаат во новата саксија. Може да направите и необична саксија- како што е прикажана на сликата подолу. Исечете го долниот дел од шишето, наполнете го со земја и посадете цвеќе кое Ви е омилено. Шишето закачете го на грлото, па така цвеќата ќе растат од долната страна.

Доколку го исечете горниот дел (грлото) од шишето ќе добиете интересен облик на вазна за цвеќа. Идеите се лесни, едноставни и веднаш применливи. Која е Вашата омилена?

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare