СТАКЛО ЗА ПОСВЕТОЛ ДОМ

  • 1

Од сите материјали стаклото најмногу се користи во домовите. Меѓутоа употребата на стакло за декорирање ретко се смета како декорација. Стаклото најчесто има фунцкионален карактер.

Со стакло може да се прекријат разни површини, од кујнски работни плочи до декоративни ѕидови. Без разлика дали го сакате стаклото поради уживањето кое ви го овозможува внесувајки во домот утринска сончева светлина или поради милион други причини, често се случува стаклото да го изоставите од уредувањето на домот. Еве неколку начини на кои може да го внесете стаклото како декорација во домот а од друга страна да внесете светлина и енергија во истиот. Број еден трик кој го применуваат дизајнерите на ентериер е присуството на светлина. Светлината ја прави собата поголема, поудобна и поприродна. Стаклото внесува светлина на природен начин во домот и може да се употребува за да се замагли, осветли или нагласи погледот. Стаклото е чудотворно кога станува збор за рефлектирање светлина и осветлување површина.

Столови, маси, огледала…Листата на предмети од стакло кои секојдневно ги користиме нема крај. Стаклените површини на масите во трпезаријата даваат софистициран и безпрекорен изглед на вашиот ентериер. Комбинирајте го стаклото со дрво, кожа и метал за урбана индустриска естетика или користите традиционални линии со свои идеи како би го украсиле домот. Дали некогаш сте размислувале за поставување на работна плоча во кујната или стаклен ѕид во бањата? Во модерно дизајнираните ентериери стаклото се користи на единствен начин, за разлика од порано. Доколку сакате нежни и модерни детали поставете го стаклото на важно место како што е кујната или бањата. Може да размилете за употреба на стаклото како преграда помеѓу спалната соба и бањата. Стаклото можеби ќе пропушта светлина но ќе ја задржи и саканата приватност во исто време. Употребете го стаклото во сите соби од вашиот дом.

"СТАКЛО ЗА СОФИСТИЦИРАН И БЕСПРЕКОРЕН ИЗГЛЕД НА ЕНТЕРИЕРОТ"

Порано, стаклото било користено само за прозори и врати, односно како би се овозможила визуелна конекција со надворешниот простор. Денес, употребата на стаклото во надворешниот простор е доста поизразена, популарна, особено во високите згради. Ако сакате да го поврзете домот со надворешниот простор користете големи стакла и стаклен мебел како би ги трансформирале ентериерот и екстериерот.

Постојат малку ограничувања кога станува збор за стаклото. Варијациите на топло и ладно се карактеристики за кои треба да се размили кога се користи стакло во ентериерот. Секогаш постои решение – дебело стакло се користи каде што има ладна клима итн. Стаклото секогаш се користи во минималистички простори каде што е потребно да се внеси светлина. Размислете добро каде стаклото би можело да внесе светлина во вашиот ентериер.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare