СОВЕТИ ЗА СОВРШЕН ЕНТЕРИЕР

  • 1

Комбинирање одредени елементи во ентериерот прават тој да изгледа посебно. Погледнете околу себе и ослободете се од предметите кои додаваат студенило во собата и прават да изгледа монотоно. Еден од начините е да додадете неколку удобни ПЕРНИЧИЊА во комплементарни бои со просторот но воедно не бидете строги туку играјте со цел амбиентот да зрачи на поинаков начин.

Внимателно искомбинирајте ги БОЈАТА на завесите, зидовите и тапетите. Изберете текстури кои емитуваат мекост, налик на памук или чипка, имајќи во предвид дека светлите бои како портокалова визуелно ослободуваат топлина,додека ладните бои како плавата, челично сивата внесуваат смирено чувство во просторот.

Додадете ДЕТАЛИ кои пробудуваат сеќавања, инспирација и Ви овозможуваат да мечтаете. Без разлика дали станува збор за некоја скулптура која сте ја купиле на саем за уметнички дела или стар кинески порцелан наследен од Вашата баба,предметите кои имаат одредено значење за Вас го прават амбиентот сигурен и интимен. Слики и фотографии, омилени книги, растенија може да распоредите низ целиот простор.

"ВНИМАВАЈТЕ НА СВЕТЛОТО И ТЕМПЕРАТУРАТА- ТИЕ СЕ КРЕАТОРИ НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО"

Подеднакво важни за Вашиот дом се СВЕТЛОТО И ТЕМПЕРАТУРАТА бидејќи даваат визуелен и тактички комфор во ентериерот. Тие се креатори на расположението и делуваат релаксирачки на телото и умот. Прејаката и прегруба светлина ја поттикнува анексиозноста, додека на посетителите на домот им дава чувство на недобредојдени без разлика колку удобно изгледаат. На пример, ламба во дневната соба делува позабавно отколку лустерите.

Искористете ги овие совети согласно Вашата имагинација и креативност и направете го просторот поинтересен.

Compare listings

Compare