НЕКОЛКУ УПОТРЕБИ НА СОЛТА ВО ДОМОТ

  • 1

Солта претставува неизоставен додаток во готвењето. Нејзината примена во домот е доста голема. Во продолжение погледнете неколку интересни начини како да ја искористите солта во домаќинството.

Солта е нежно средство за чистење. Се што треба да направите за да создадете средство за чистење е направите смеса од сол, сода бикарбона и детергент за миење садови. Смесата може да ја користите за чистење на апарати, емајлирани површини и порцелан. Исто така мрсниот лонец или тава лесно се чистат со додавање на шака сол. Потоа се што е потребно е да ја истриете тавата со жица за домаќинство измиете. Оа правило одговара и за садови во кои јадењето е загорено. Маслото во тава нема да прска наоколу доколку најпрво ставите сол па потоа масло.

Исчистете ги одводите така што низ нив ќе истурите жешка вода помешана со сол. Тоа ќе спречи непријатната миризба и мрснотија да се насобира во Вашиот одвод. Тврдокорните дамки од шолјите за кафе или чај ќе ги одстранете само со едноставно додавање сол на средството за миење садови. Исчистете ја рѓата така што во вода ќе помешате лимон и сол. Откако ќе ја истриете рѓа остаавете ја тавата да се исуши а потоа поминете ја со мека ткаенина.

"СОЛ И ВРЕЛА ВОДА - ЧИСТИ ОДВОДИ"

Пеглата најлесно се чисти со памучна крпа и навлажнета сол. Добро триете ја површината на пеглата па потоа изришете ја со сува крпа. Трагите од мастило на тепих посипајте ги со сол. Оставите да одстои два до три дена па потоа со влажнo сунгерче поминете над дамката. Солта помага и во чистење на дамки од вино така што ќе ја оставите 24 часа солта на местото на кое што се наоѓа дамката. Прво одстранете ја солта и исперете го материјалот со ладна вода, па потоа како што обично го перете. Исушете го наводенатото место и повторно ставете сол која што додатно ќе го извлече преостанатото вино. Исперете ги завесите во боја или теписите со солена вода која што додатно ќе ги појача боите. Избледената боја на тепихот може да ја појачате со чистење со крпа која е натопена во солена вода.

Четкичките за заби пред првата употреба оставете ги во солена вода и ќе траат подолго. Користете сол и сода бикарбона повремено за миење на забите. Солта и сода бикарбоната помагаат за задржување на свеж здив во устата. Солта помага за одстранување на мрави во домот. Се што треба да направите е да турете сол пред вратите или прозорите од каде што истите влегуваат во домот. При убод на оса добро е местото да се премачка со дебел слој сол и вода. Отокот и болките ќе бидат помали.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare