ЦРНО – БЕЛО СКАНДИНАВСКО ПОТКРОВЈЕ СО ДРВЕНИ АКЦЕНТИ

  • 1

Овој прекрасен стан во центарот на Гетеборг, во Шведска прикажува инспиративен дизајн и разигран изглед. Со квадратура од 73 метри квадратни, ова поткровје ги завзема горните две нивоа од стара куќа која датира од 1873 година.

Висината на плафонот од 9,85 м во дневната соба, рустикалниот ѕид од тули во спалната соба и изложените дрвени греди се само некои од нашите омилени елементи во овој простор.
Почнувајќи од ходникот, црно-белата шема на боите со дрвени детали го прави просторот транспарентен и примамлив. Кујната има мек и рустикален амбиент, со голема дрвена трпезариска маса која е средиштето на оваа соба.
Погледнете ја галеријата со фотографии и кажете ни дали ви се допаѓа вакво поткровје и што вие би направиле поинаку.

Дневната соба има смирувачки поглед на внатрешниот двор. Два стола, софа и различните украсни перничиња го прават овој современ простор совршен за чај со пријателите.

Кујната со трпезаријата е продолжение на дневната соба, задржувајќи го погледот на градината. Се одликува со едноставност и основни елементи, како што е обичната дрвена маса, кои му даваат природност и опуштеност на просторот. Самата кујна е отворена и бела, минималистичка, со големо растение кое внесува малку боја.

Покрај скалите се наоѓа универзален простор, каде малечката масичка под косината ја сочинува инпровизираната работна зона, со поглед на случувањата во кујната. Зад скалите е спалната соба, веројатно најволшебната просторија во овој стан. Постои доволно простор за брачниот кревет, простор за пресоблекување и удобно катче за читање. Кровниот прозорец пропушта светлина на обоените во бело ѕидови и дабов паркет. Ѕидот од тули и дава дополнителен карактер на собата.
Извор: www.freshome.com

Compare listings

Compare