СИНО – СИВА КОМБИНАЦИЈА- ПАТ ДО СВЕЖИНА И ЕЛЕГАНЦИЈА

  • 1

Изборот на вистинската боја отсекогаш бил тешка одлука, особено во деловите од станот каде што се поминува поголем дел од денот и каде што доаѓаат Вашите блиски во посета.

Сина и сива се бои кои во комбинација се прикладни за сите љубители на свежина и оние кои што го обожаваат чувството на чистота во домот. Супер опуштена шема за дневна соба која ќе делува шик и забавно доколку се изберат помоќни тонови од овие бои.

Овие бои здружени заедно создаваат енергија. За оние кои што се фанови на комфор и добар стил сино- сивата комбинација е избор без грешка. По малку делува „машки“ и елегантно, додека истовремено е силна и суптилна. Лесно се усогласува со атмосферата во домот, и на свој индивидуален начин ја „гушка“ просторијата создавајќи размрдана атмофера.

"СРЕБРЕНО СИВА- НАЈДОБАР ИЗБОР ЗА СОБА СО КАМИН"

Во зависност од поединечни нијанси на секој тон, домот може да добие поп, електро или чисто модерен дух. Така нежна, сината боја заедно со темно сивата позната како боја на пепелот има за цел да создаде драматичност во ентериерот. Од друга страна, кралско сината боја комбинирана со сребрено сива боја е прекрасен избор за дневна соба со камин кој ќе дава магично чувство во домот.

Сино- сивата боја е одлична за комбинирање со жолта, окер, крем и бела. Идеална за канцеларии, купатила, спални и детски соби, а многу родители ја преферираат и кога доаѓа на ред уредувањето на детска соба. Нејзиниот ефект во домот е моќен, со акцент на свежина и елеганција во амбиентот.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare