ШАРЕН МЕБЕЛ ВО ЕНТЕРИЕРОТ

  • 1

Шик, ведар, разигран и совршен за уникатен печат во домот. Шарениот мебел е интересен за око и спремен да ја расположи Вашата душа.

Мебелот со шарени тонови изгледа одлично во ентериерот. Постојано дава живост и енергија во просторијата, а исто така создава амбиент со весела атмосфера. Сочните нијанси во комбинација со едноставни тонови на ѕидовите или подот оддаваат ефект на потполно нов простор и интересен впечаток за сите оние кои што во него престојуваат. Можноста која ја отвараат боите и целокупниот нивен спектар се особено важни кога станува збор за поигрување со истите, и создавање на еден поинтересен простор. Опциите се бескрајни. Зелен ѕид, неколку малечки парчина мебел во жолта нијанса се само дел од безбројните можности. Најважно е да изберете одредена шема и да го следите и личниот инстинкт.

Со додавање на неутрални тонови во комбинација со шарен мебел се создава моќен колорит со неутрални нијанси. Дали станува збор за помал или поголем стан, темна или светла просторија- изборот на контрастни и компатибилни нијанси на бои е доста важен. За да се добие ефект на зголемен простор, изборот на неутралните нијанси на бои треба да биде на ѕидовите. Во малите простории премногу бои може да имаат обратен ефект – вознемирувачки. Од таа причина потребно е умерено користење на бела и крем боја, нежни пастелни тонови и да не се претерува со јаки шарени нијанси на бојата на мебелот.

"ДЕТАЛИТЕ СЕ ВАЖНИ ЗА ЖИВОПИСЕН ДЕКОР"

За да создадете единствен ентериер, стручњаците како прва алатка ја препорачуваат бојата. И тоа не било која боја туку онаа која е моќна, ефектна и шик. Црвена или сина софа, розов килим, виолетов трпезариски сет – има многу начини за акцентирање. Живописниот куќен декор зависи од деталите. Перничињата, завесите, килимите и вазните исто така не смеат да бидат изоставени.

Направете избор за уредување на ентериерот но внимавајте. Не избирајте боја на мебел во станот доколку таа боја не би ја носеле на себе како гардероба!

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare