ИЗБОР НА ИДЕАЛНА РАБОТНА ПЛОЧА ЗА ВО КУЈНА

  • 1

Иверица, стакло, гранит, скапа, ефтина….Изборот на работна плоча за во кујна е еден од најважните сегменти во опремувањето на кујнскиот простор. Понудата на пазарот е голема, а Вие постојано сте со прашања- дали е водоотпорна, колкава е нејзината издржливост, дали може на неа да се оставаат предмети кои се врели, дали е лесна за одржавање и слично.

1.ИВЕРИЦА. 

Дефинитивно најраспространетата работна плоча на нашите простори е иверицата. Може да биде со дебелина од 28 и 38мм, и доколку биде добро обработена таа е водоотпорна, обвиткана во различни фолии кои се имитација на различни материјали и површини. Лесна за одржавање, со некои лесни детергенти, меѓутоа не е отпорна на јака киселина. Доколку се оштети неможе да се поправи. Во кујните во кои има спојување на повеќе елементи, особено важно е поставувањето на лајсни кои нема да дозволат водата да навлезе меѓу површините.

2.КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ-ВЕШТАЧКИ КАМЕН. 

Оваа хомогена смеса може да виде со дебелина од 6, 9 или 12 мм, и се наоѓа во различни варијанти, дезени кои се имитација на камен, па затоа е позната и како вештачки камен. Материјалот е антибактериски па затоа често се користи во ординации и аптеки. Чувствителен е на вода па затоа не е препорачливо истата да се задржува подолго на површината. Постои можност да се изработи и садоперот од исти материјал , така што целата површина станува изедначена без спојувања и е лесна за одржавање и чистење.


3.ГРАНИТ.

 Добро познат природен материјал кој се користи за изработка на работни плочи за во кујна, меѓутоа поради тоа што е скап ретко е употребуван. Неговата основна предност е тоа што е отпорен на високи температури и создава неверојатен визуелен ефект во просторијата во која се наоѓа. Поради тоа што е тежок и неговото монтирање е комплицирано.


4. ДРВО. 

Природен материјал кој остава најјак впечаток. Од друга страна оваа еколошка површина има свои недостатоци. Еден од нив е постојаното премачкување на плочата поради постојаниот допир со вода, се со цел да не се оштети истата. При изборот на видот на дрво кое ќе се користи за изработка на оваа плоча препорачливо е да се внимава на неговиот состав. Најдобри дрва се оние кои имаат поголема количина етерични масла во себе затоа што се отпорни на влага( на пример тиково дрво или дабово). Предност на површините изработени од овој материјал е во тоа што со шмирглање може да се обнови површината.

"МОНТИРАЈТЕ СВЕТЛА ПОД СТАКЛЕНАТА ПОВРШИНА "

5. НЕРЃОСУВАЧКИ ЧЕЛИК. 

Станува збор за антибактериска површина која што се користи во сите професионални кујни поради начинот на одржавање и отпорноста која ја има. Тенки “листови” челик се поставуваат на кострукцијата со што се добива посакуваната дебелина на работна плоча. Недостаток на овој материјал е тоа што лесно може да се изгреби па затоа треба ад се внимава при работењето. Од друга страна пак, станува збор за водоотпорен материјал на вода и високи температури како и киселина. Се одрќава со специјални средства за не”рѓосувачки челик.

6. СТАКЛО. 

За работна површина во кујна се користи стакло со дебелина од најмалку 10мм. Уште еден материјал кој се поставува над конструкцијата од иверица или медијапан. Добро би било поставување фолија на долната страна за да не се гледаат елементите кои се наоѓаат долу. Може да се монтираат светла со што се добива фантастичен изглед. Отпорен на високи температури, најчесто се поставува на шанкови или кујнски острови, меѓутоа не е погоден доколку имате мали деца во домот. Тежок материјал за одржавања, кој мора постојано да се пребришува поради трагите од вода кои остануваат, меѓутоа од друга страна станува збор за високо хигиенски материјал.

Compare listings

Compare