ИДЕИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР ВО ДОМОТ

  • 1

Денес има толку луѓе кои работат од дома, што дури работата од дома стана тренд. Некои од нас покрај својот првобитен работен ангажман имаат и дополнителна работа од својот дом, која не претставува напор и малтретирање туку уживање и релаксација.

Додека некои сакаат да останат во пижами и да не го напуштаат креветот цел ден, други сакаат да имаат свој простор каде што ќе седат и ќе се чувствуваат како да се во канцеларија и обично тој простор е само дел од собата на која ќе се посветите. Тоа е она катче во кое сакаме да бидеме инспиративни, креативни и продуктивни.
Нашата канцеларија може да биде само еден дел, агол од просторијата, малечка масичка сместена помеѓу растенијата или полиците за книги. Слободно може да поиграте со просторот и да го уредите по Ваш вкус. Инспирација може да добиете во некои од идеите кои ги издвојуваме за Вас. Од дома може да работите кодирање, графички дизајн, блогирање, како виртуелен асистент…

ЦРНО БЕЛО.

Оваа комбинација е доста популарна благодарение на нејзината едноставност и чист дизајн. Контрастот со мали детали во други бои како што се растенијата, само дополнително ќе го разубави просторот. Оваа комбинација е минималистичка затоа што нема премногу додатоци.

ПРОСТРАНО И ТОПЛО.

Нешто и за љубителите на рустичниот стил, еден од оние со кои секогаш ќе бидеме опседнати. Прекрасната комбинација на модерно и рустично го прави просторот топол и простран. Треба нешто да се додаде во оваа атмосфера?

"ЦРНО БЕЛА КОМБИНАЦИЈА ЗА ЕДНОСТАВНОСТ"

МОДЕРНО И СТИЛИЗИРАНО.

Совршен простор за една модерна девојка која што работи од дома. Модерен, елегантен и старински стил кој може да го украсите со детали по Ваш вкус како цвеќа, слики, книги или свеќа. Не се ни сомневаме дека во овој амбиент ќе работите со задоволство.

УДОБНО И МАЛО.

Не може секој од нас да има канцеларија во домот од своите соништа. Но погледнете како може да биде мала а да делува неверојатно. Потребен е само еден агол од Вашиот дом кој ќе го претворите во домашна канцеларија за која што одсекогаш сте сонувале. Неколку слики, компјутер, ламба, вазна со цвеќа, удобна столица…и подготвени сте за работа.

Compare listings

Compare