ПРУГИ ВО ЕНТЕРИЕРОТ

  • 1

Мебелот и ѕидовите обоени пругасто оставаат интересен, енергичен впечаток. Домовите уредени во пруги варираат помеѓу модерен и ретро стил. Искомбинирани, делуваат доста компатибилно, иако може да изгледаат одлично и кога се опкружени со исклучиво модерен или пак традиционален мебел.

ПЕРЦЕПЦИЈА НА ПРУГИТЕ. Со помош на пругите и линиите, нивната дебелина и густина, се создаваат ентериери кои оставаат различни впечатоци. Динамичниот, романтичниот или драматичниот ( угостителски објекти и барови) изглед зависи од изборот на бои на кој особено треба да се внимава. За да се добие саканата перцепција во еден амбиент мора да се искомбинираат четири различни сегменти на декорации со пруги: дебелина на пругите, боја, правец во просторијата и редослед.

ТАПЕТИ СО ПРУГАСТА ГРАФИКА. Кога се декорира ентериерот, особено со пруги често личноста која го декорира просторот за себе тежнее кон одредени бои кои оставаат личен печат во просторот. Денес, се избегнува класичното бојадисување на ѕидовите со помош на пруги, во вид на различни тапети, кои на пазарот ги има во различни дезени. Декорирањето со тапети во пруги го олеснува овој комплициран процес. Лесно се нанесуваат а може да се избира помеѓу различни дезени со цел да се создаде необичен ентериер.

"ПАСТЕЛНИ БОИ ЗА ИНСПИРАТИВНА И СВЕЖА ПРОСТОРИЈА"

БОИ. Во зависност од изборот на боите на пругите и нивната комбинација, домовите може да добијат хармоничен, свеж, шик или некој друг лик со интересен графички зафат. Комбинирањето на пруги во пастелни бои со бела создава инспиративна, свежа и удобна просторија, додека со јаките контрасни бои се нагласува посебна атмосфера, наклонетост кон oдреден вид уметност или период. Веселите и интензивни бои создаваат необичен амбиент, како што е на пример наутичкиот (сино – бела, црвено – сина комбинација) .

КАДЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ? Од поставување на пругасти плочки во кујната и купатилото, преку ѕидовите во сите простории, па дури и завесите, постелнините, теписите, лампите и лустерите, детали…за пругите не постојат ограничувања. Стилизираните и необични простори кои настануваат по хоризонталните, вертикалните или коси апликации, широки тесни пруги се комплетно сензационални откако ќе ги поставите на еднобојните ѕидови на кои веќе сте биле долго време навикнати. Можностите се бесконечни, а пругите се неодоливи.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare