ПРОСТОРИИТЕ ВО ДОМОТ И НИВНАТА ОРИЕНТАЦИЈА

  • 1

Од поставеноста на објектот за живеење зависи нивото на осветленост на просториите и придобивката на сончева топлотна енергија. Тоа е особено важно доколку се планира градба која ќе биде енергетско ефикасна и штедлива.

За да се обезбеди максимално искористување на енергијата од сонцето потребно е просториите во кои најмногу се престојува да бидат ориентирани токму кон него. Така, најчесто дневната соба се поставува ориентирана кон сонцето со цел преку големите прозори и врати максимално да се пропушти светлина и топлина.
Во продолжение Ви прикажуваме начин на организирање на просториите во домот со цел да се искористат сончевите услови а воедно да се заштитите од бучава и ветар.

Воглавно, станбениот простор треба да биде ориентиран кон дворот, додека помошните простории кон улица. Сепак, секој објект треба да биде прилагоден на условите на теренот, објектите во близина и насоката на ветрот.

"СТАНБЕНИОТ ПРОСТОР- КОН ДВОР, ПОМОШНИ ПРОСТОРИИ-КОН УЛИЦА"

Просториите ориентирани кон југ одлично дневно светло во текот на целата година. Совет- засадете листопадни дрва надвор за да се заштитите од преголемата топлина во лето, додека во зима кога лисјата ќе паднат ќе има продор на сончеви зраци. Југот е поволен за дневна соба,трпезарија и детска соба.
Простории ориентирани кон исток- одлична светлина и топлина во утринските часови. Летен период се јавува потреба од ролетни заради заштита од топлина и светлина. Исток е поволна страна за дневна соба и спална, кујна и трпезарија.

Просториите ориентирани кон запад се одлични за ходници и скалила. Имаат природно осветлување во попладневните часови. Се јавува потребата од ролетни за заштита од сонце во летниот период. Северот пак,не нуди доволно дневна светлина во текот на годината па заради тоа нема топлотна придобивка.
Совет- засадете дрва во просторот пред овие простории за се заштитите од ладните ветрови.
Северот е најприкладен за остава, гаража, скали или просторијаво која би се чувал котелот за парно.

Compare listings

Compare