ПРОЛЕТНИ ДЕКОРАТИВНИ ТРЕНДОВИ

  • 1

Дизајнерката Ненси Фајр, со цел да ги открие најновите трендови патува околу светот. Погледнете ги нејзините предлози за пролетно уредување и откријте начин како да ги применете во Вашиот дом.

КОРИСТЕТЕ ЦВЕТНИ ТКАЕНИНИ ВО АКВАРЕЛ ТЕХНИКА – заборавете на старите дезени кои сте можеле да ги забележите на тапетите и во домот на Вашата баба. Изберете нови свежи материјали со цветни детали и нагласена акварел техника- советува дизајнерката. Најлесен начин да го сторите тоа во Вашиот ентериер е преку украсни перничиња со цветни дезени или завеси.
 ДЕБЕЛИ И ГРУБИ ПЛЕТЕНИ ДОДАТОЦИ- за да овој груб и дебел материјал би изгледал софистицирано потребно е да се избере само едно парче- перница или прекривач кој ќе го нагласи Вашиот простор. Бирајте неутрелни бои на вуница како на фотографијата, со што ќе и овозможите на текстурата да дојде до израз и да биде центар на внимание.
 

ИЗБЕРЕТЕ МЕТАЛИК БОЈА- иако сеуште се актуелни бакарните додадоци допрва доаѓа времето на металните обоени и сјајни предмети. Изберете светликави, природни парчиња во акварел техника. Бакарниот лустер, во металик боја, како што е прикажан на сликата и дава сјај на трпезаријата. Ако не можете да си приуштите таков лустер едноставно обоете некој обичен метален лустер со спреј кој ќе го направи да изгледа како да е бакарен. Исто така може да изберете парчиња платно за сликање кои ќе ги обоете по Ваш избор. Се повеќе пак се актуелни романтичните, меки ПАСТЕЛНИ БОИ. Особено доминантна е нијансата на виолетова боја. Изберете пастелно зелени и розови нијанси со интензивни додатоци. На овој начин ќе направите собата да изгледа уредена во традиционален стил со раздвижани граници. Дизајнерката Ненси вели дека со примена на комбинација на пастелни тонови и темни нијанси во спалната соба просторот изгледа софистицирано.

"КОМБИНАЦИЈА НА ПАСТЕЛНИ БОИ ЗА СОФИСТИЦИРАН ИЗГЛЕД"

Оваа пролет е тренд и НЕУТРАЛНА БОЈА со додатоци. Кога станува збор за неутрални бои веднаш се помислува на беж боја. Во новиот „тренд на неутрални бои“ се вклучуваат светло сива, ловечко зелена, розева па дури и морнарско сина боја. Кој е најдобар начин за комбинирање на неутралните бои со одредени додатоци? Користете една нијанса на неутрална боја како основа во Вашиот дом. За да ја избегнете монотоноста изберете една интензивна нијанса која што ќе доминира со детали. На пример може да додадете фотографии, полици за книги, камин, уметничко дело и сл.

Одлучете се за КЕРАМИКА СО ТЕКСТУРА која ќе доминира во просторот со својата боја, текстура и големина.Ако сте љубител на парчиња со ретро стил, изберете ламба од 60-тите која што ќе се вклопи во современите трендови. Заменете го абажурот или обоете ја во друга нијанса со што ќе ја направите да изгледа модерно.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare