Голем избор на дезени
Сигурно се случило да влезете прв пат во некоја просторија и да забележите колку е убав подот, интересен и како ја освежува просторијата со својата боја и дезен. Знаете дека најчесто станува збор за ламинат.
Ламинатот може да се најдe во голем број дезени кои се имитација на различни видови дрва, бродски под, мермер или керамички плочки. Покрај имитацијата на дрво, тука е и посебната нијанса или изработка која дава шарм на оваа подна облога. Поради големиот број дезени, ламинатот е погоден за секоја фамилија. Дизајнерите на ентериери го сакаат затоа што е погоден за комбинирање со други материјали и форми.