Наводнувајте ги растенијата по нивни распоред а не по Ваш. Наводнувањето зависи од годишната доба и фазата на развој на самото растение. Генерално, се препорачува наводнување еднаш во неделата. Сепак мора да ги познавате потребите на секое растение поединечно, читајќи на интернет или да се обратите во цвеќарите. Внимавајте на листовите на растенијата. Жолти, смеѓи или опаднати листови се показател дека нешто не е во ред со растението во поглед на наводнувањето. Доколку земјата е премногу натопена тоа значи дека сте претерале со наводнување на растението.