7 ОДЛИЧНИ НАЧИНИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПОТПОРНИОТ СТОЛБ ВО ЕНТЕРИЕРОТ

  • 1

Речиси е невозможно да се избегнат столбовите во отворена просторија. Тие се неопходен елемент кој ја носи тежината на кровот или горниот кат, а често се воочливи поради тоа што се наоѓаат на незгодно централно место во просторијата. Во продолжение следат 7 начини како да ги направите поинтересни, функционални и да ги вклучите или истакнете во ентериерот.

1. Столб како дел од декорот. Во просторија во која доминира дрвото или палета на бои со земни тонови, одлично се вметнува дебел коноп во природна или бела боја. Едноставно само измотајте го околу столбот и веднаш ќе добиете елемент кој плени.

2.Уметничко дело. Богато украсени или изрезбани столбови можат да бидат главни декоративни елементи во просторијата. 

3.Отворени полици. Доколку столбовите се поставени во близина еден покрај друг, може да бидат искористени за да се направат помеѓу нив отворени полици. Доколку ги исфарбате во иста боја како и останатите полици во просторијата, никој нема да претпостави која е нивната основа.

"БОГАТО УКРАСЕНИ ИЛИ ИЗРЕЗБАНИ СТОЛБОВИ МОЖЕ ДА БИДАТ ГЛАВНА ДЕКОРАЦИЈА ВО ПРОСТОРОТ"

4. Мини бар. Вградете полици или кујнски ормар и ќе добиете елегантен простор за припрема на омилените пијалоци. 

5. Преграда во просторијата. Повеќе столбови во една просторија се совршена основа за формирање визуелна преграда помеѓу двата дела на просторијата.

6. Столб како дел од мебел. Ако столбот се наоѓа во близина на гардероберот или чевларникот, направите простор за облекување или преслекување околу него.

 7. Галерија за уметнички дела. Столбовите кои имаат голема површина можат да послужат како бело платно на кое ќе ја изразите Вашата креативност. Додавајќи светло пак, дополнително ќе ја изразите пораката на самиот столб.

Compare listings

Compare