6 ИДЕИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА СЛИКИ

  • 1

Сликите, фотографиите и разгледниците во голем формат му даваат на домот индивидуална нота. Успешното поставување на сликите зависи од добрата идеја и квалитетниот план на оној кој ги поставува. Еве неколку предлози кои можеби ќе Ви помогнат.

ПРАВИЛО НА РАМНОТЕЖА. Ова правило подразбира поставување на повеќе слики со исти формат во низа така што ќе создадат композиција во која што се ќе биде во рамнотежа. Овој систем на поставување на сликите и овозможува на секоја слика да дојде до израз кој уште повеќе се чувствува доколку сликите се поставени на подеднакво растојание.

Друг начин за поставување на сликите е ГАЛЕРИСКИОТ СИСТЕМ. Овој начин на поставување е карактеристичен за минималистичките станови. Сликите се поставуваат на висина на очите. Оваа идеја е се повеќе употребувана во модерните станови.

Со цел една целина да изгледа интересно на ѕидот, потребно е да имате неколку слики со различна големина и дезен на рамките кој што ќе ги поставите на внимателен начин. Така ќе добиете декориран ѕид на кој што РАЗЛИЧНИ ФОТОГРАФИИ ПО ГОЛЕМИНА И ШАРЕНИЛО ќе бидат поставени во еден складен состав. На пример една фотографија може да Ви послужи како центар околу кој ќе ги поставите останатите фотографии при што хоризонталните и вертикалните линии ќе одржуваат еден полн и правилен круг.

"ЗА ОНИЕ КОИ ГО ОБОЖАВААТ РЕДОТ - СЛИКИ ПОД КОНЕЦ"

Сите слики не мора да бидат поставени директно на ѕидот. Некоја од полиците во домот или лајсна може да послужи како простор за поставување на истите, а со тоа ќе се добие динамичност и ВЕСЕЛ РЕД. Во суштина, секоја основа на сликите нека биде иста а динамиката ќе ја постигнете со различни големини и формат на рамките за слики. 

Доколку пак сте особа која сака се да биде во еден организиран ред, сликите може да ги поставите ПОД КОНЕЦ. Симетријата е она што е карактеристично за овој вид на поставување на сликите, додека различните мотиви и рамки на еден ѕид ќе создаваат една целина. Редот ќе го постигнете доколку внимавате на симетријата на форматот.

Друг начин за поставување на сликите е КОМПАКТНАТА ЦЕЛИНА. Рамките може да бидат правоаголни, срцевидни, кружни, квадратни… На овој начин се создава и ред и хаос во просторот.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare