6 РАБОТИ КОИ ГИ ПРАВИТЕ ПОГРЕШНО ВО ВАШАТА СПАЛНА СОБА

  • 1

Спалната соба е место каде што треба да се осеќате сигурно и пријатно. Некогаш е тешко да се погоди правата атмосфера со што би ја претвориле Вашата спална соба во вистинско место за одмор и опуштање. Затоа избегнувајте ги следните грешки кои ќе влијаат на мирот и пријатната атмосфера во вашата соба.

1. ИМАТЕ ПОСТЕЛНИНА СО СИЛНИ БОИ. Иако сакате на вашиот кревет да му дадете свој лични печат, сепак избегнувајте ги впечатливите дизајни со силни бои. Користите постелнини со неутрални бои.

2. ЅИДОВИТЕ ВИ СЕ ПРАЗНИ. Вашата соба треба да го отсликува Вашиот карактер. Најдобар начин да се изразите себеси е преку уметноста. 

3. НЕ СЕ ОДВОЈУВАТЕ ОД ТЕЛЕФОНОТ. Светлоста што ја дава мобилниот телефон му дава погрешни сигнали на Вашиот мозок и Ве спречува да заспиете.

"СПАЛНАТА СОБА Е МЕСТО КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОСЕЌАТЕ СИГУРНО И ПРИЈАТНО"

4. НЕ ГО РАСЧИСТУВАТЕ НЕРЕДОТ. Кога сте опкружени со неред, често може да се осеќате во конфузија. Обезбедите доволно простор за сите работи и ситници кои не ги употребувате секојдневно.

5.ИМАТЕ САМО ЕДЕН ИЗВОР НА СВЕТЛИНА. Ако во Вашата спална соба имате еден извор ( вештачки ) на светлина – лустер, правите голема грешка.

 6. НЕ ГО ЧИСТИТЕ КРЕВЕТОТ РЕДОВНО. Грињите се наоѓаат насекаде, особено во вашата соба и кревет. Чистете го редовно Вашиот душек и менувајте ја постелнината еднаш неделно.

Compare listings

Compare