ПОД ВО БОЈА

  • 1

Од различни причини се одлучуваме за избор на одреден материјал или боја на под. Најчесто тоа се личните желби во комбинација со финансиската можност, желбата за промена, практичност и начин на одржување или пак идејата да дадете свој личен печат на просторот.

Класичните бои на дрвото од различни видови (јасен, даб, цреша, oрев, бука) се најчесто употребувани во нашите домови со тоа што овој пат ќе ги заобиколиме и ќе прикажеме еден друг аспект на подлогата. Секако, желбата и можностите се често во расчекор, но и идеите се секогаш половично исполнети. Која и да е причината, една работа е важна – не се плашете да го обоите вашиот простор. Боите го прават жив и создаваат најдобри ефекти.

ОКЕАНСКО СИНА

Доколку изберете океанско сина боја добивате свежина и енергија во просторот. Искомбинирана со бела и сивкаста боја се создава одличен природен ефект а просторот добива длабочина. Одлична идеја за куќа на море, викендица, но често се користи и во стан во централно подрачје на некој град.

 

КАРНЕВАЛСКО ЦРВЕНА


Ако се одлулчите за оваа боја треба да знаете дека вие сте особа која не подлежи на стереотипи. Црвената е доста изразена боја и затоа е таа која доминира во просторот. Најчесто се комбинира во простори кои се рустични, исполнети со антиквитети и традиционален стил. Но, тоа не значи дека вашата идеја не може да го промени моменталното мислење. Осудете се, но внимавајте да не претерате. Бидете единствени со оваа боја под стапалата.

Ако се одлучите за МЛЕЧНО БЕЛА БОЈА подгответе се за движење по песочна плажа. Оваа боја го дава токму тоа чувство. Современа и чиста, белата боја дава ефект на пространост. Најчесто сме навикнати на бели ѕидови, отколку на бели подови. Оваа боја е специфична и затоа ретко кој се осудува да ја искористи за под. Бара доста внимание за одржување и оддава убавина во просторот.

"ЦРВЕН ПОД ГО ДОМИНИРА ПРОСТОРОТ"

ЗЕЛЕНА ЛОКВА

Доколку ја изберете оваа боја, се изразувате себе и го осветлувате вашиот дом. Тоа е и главниот ефект кој што се постигнува со оваа боја. Доза на свежина и природен адреналин ќе го разубавуваат просторот на пример во кујната а во комбинација со бела боја се добиваат најдобри резултати. Таа е младалачка, жива и интересна боја за комбинирање.

Со изборот на ВИОЛЕТОВА боја, бојата на љубичица и орхидеја тежнеете кон духовност и мир во вашиот дом. Поради тоа што ретко може да се најде во природата, оваа боја е посебна и мора добро смислено мора да се искомбинира. Одлична е во комбинација со тропски стил или било кој друг модерен акцент. Доста е важно да знаете што сакате да постигнете. Бидете внимателни и уживајте во виолетовата префинетост.

ПОЛНОЌНО СИНА(ЦРНА БОЈА)

Доколку оваа боја е вашиот избор, тогаш сте се определиле за инвентивност, силен акцент и впечатливост. Црната боја во доменот на модата е најсигурна боја, додека во ентериерот како подна облога е вистинска инекција за ексцентричност. Иако важи за доста тешка за одржување, што безмалку е неоспорно, црната боја има и друга страна – може да прикрие нескладност на дрвото, гребнатинки или изгорени делови. Црната боја е кралица на софицистираноста.


И последен предлог е ГЕОМЕТРИСКАТА ШАРА. Изборот на геометриски шари и декоративни ефекти не се непознати. Настануваат како последица на подигрување со тонови кога палетата на бои ја избирате согласно желбите. Таму каде што владеат вакви површини тепих и постелнина се целосно непотребни. По желба може да го проширите просторот со линии (најчесто претсобјето ), да направите комбинација од помали кон поголеми шари или едноставно да го направите онака што во моментот го посакувате.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare