ПОД ВО БОЈА

  • 1

Од различни причини избираме одреден материјал или боја на под. Комбинациите настануваат во зависност од желбата и финансиските можности на личноста која го уредува но и од желбата за промена, практичност и начинот на одржување или од идејата да му дадете на просторот свој личен печат.

Класичните бои на различните видови на дрво (бор, цреша, oрев, бука) се најчесто употребувани во нашите домови, со тоа што овој пат ќе ги прикажеме од еден друг агол. Секако, желбата и можностите се често различни, но идеите ако не повеќе , барем половично се остваруваат. Која и да е причината, една работа е важна – не се плашете да го обоите просторот. Боите го прават жив и создават најдобри ефекти.

ОКЕАНСКО СИНА.

Доколку изберете океанско сина боја ќе добиете свежина и сила во просторот. Искомбинирана со бела и смеѓа боја, се добива одличен ефект на природност во просторот, а просторот добива на длабочина. Одлична идеја за куќи на море, викендици, но исто така и за станови во централната зона во градот.

КАРНЕВАЛСКО ЦРВЕНА.

Ако се одлучите за карневалско црвена боја значи Вие сте личност која не е стереотипна. Црвената боја е доста впечатлива и затоа може да ги стави во сенка останатите елементи во ентериерот. Под во карневалско црвена боја е застапен во простор со рустичен стил, антиквитети и традиционален стил. Но тоа не значи дека Вашата идеја не може да гo промени постоечкото мислење. Испробајте но внимавајте да не претерате и бидете единствени со бојата која што е под Вашите стапала.

МЛЕЧНО БЕЛА.

Подгответе се да се почувствувате како да чекорите на песочна плажа. Современа и чиста, белата боја дава ефект на пространост. Најчесто сме навикнати на бели ѕидови, а помалку на бели подови. Белата боја на подот е специфична боја за подови и затоа ретко се одлучуваме за неа. Овој вид на под има потреба од доста внимателно одржавање но е доста привлечен за око.

ЗЕЛЕНА.


Доколку изберете зелена боја за подот значи се истражувате себеси и светлината која продира во Вашиот дом. Всушност тоа се главните ефекти кои се постигнуваат со оваа боја. Доза свежина и природен адреналин може да ја разубават кујната, а во комбинација со бела се добиваат најдобри резултати. Оваа боја е младешка, жива и интересна за комбинирање.

"ЗЕЛЕНА БОЈА - МЛАДЕШКА, ЖИВА И ИНТЕРЕСНА ЗА КОМБИНИРАЊЕ"

ВИОЛЕТОВО ОРХИДЕЈСКА.

Со изборот на оваа боја за под Вие тежнеете за духовност и мир во Вашиот дом. Токму затоа што е ретка во природата, оваа боја е посебна и треба добро да се размисли за нејзиното комбинирање. Може да се искомбинира со тропски стил, или било кој модерен стил кој што во себе содржи елеганција. Важно е да знаете што сакате да постигнете со оваа боја. Бидете внимателни и уживајте во виолетовата префинетост.

ПОЛНОЌНО ЦРНА.

Доколку Вашиот избор е оваа боја значи сте избрале инвентивност, силен акцент и воочливост. Оваа боја на подот е вистински ексцентричен погодок. Иако важи како боја тешка за одржување, сепак на црната боја на подот во помала мера се познаваат гребнатинките, изгорените делови, неусогласените парчина дрво и слично. Црната боја е кралица на софистицираноста.

ГЕОМЕТРИСКА ШАРА.

Ако изберете геометриски шари, тогаш Вие сте особа која е блиска со декоративните ефекти. Тие настануваат кога ќе се поигра со тоновите, кога ќе се состави палетата на бои по личен избор и кога сакаме галерија на подот. Таму каде што владеат овие површини, килимите се непотребни. По желба може визуелно да се прошири просторот со помош на линии( најчесто во ходник), или стесни големиот простор( со помош на квадрати кои се движат од поголем кон помал) или едноставно да се отслика она што Ви е желба.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare