Палетата на бои може да биде доста широка, од лесно жолта и портокалова боја, светли тонови на сина, зелена, сино – сива, крем – сива, виолетова, нежно тиркизна боја..Најчесто се нарекуваат и суптилно ладни бои, односно наговестуваат мир и одмор во просторијата во која владее спокој и одмор за очи и душа. Складните комбинации на пастелни тонови и мебел и осветлување го прават амбиентот да изгледа свежо, ново и магично. Лесен, суптилен додаток на пастелни нијанси создава дом со стил. Тоа е и основната и најголема заслуга на пастелните бои.