КАЖЕТЕ МУ “ДА“ НА ПАРКЕТОТ

  • 1

Дрвото одсекогаш било популарен избор за поставување на подот. До неодамна цената на паркетот била недостапна за повеќето граѓани. Но како што паркетот стана се повеќе популарен производителите развија понуда која што одговара на секој буџет. Паркетот нуди многу предности. Тој е квалитетен термоизолационен материјал и ја спречува појавата на алергии.

Зошто паркет? Пред се, нуди убавина и шарм кои ќе траат подолг временски период. Моментално постојат повеќе од десетина видови паркет, секој со единствени карактеристики кои се вклопуваат во речиси секој дизајн.

Два одлучувачки фактори при изборот на паркет се буџетот и дизајнот. Цените може да варираат во зависност од тоа дали станува за паркет кој е веќе спремен за поставување, неговата класа и достапност, односно „егзотичноста“ на дрвото. Најважно е да направите селекција на паркетот со што изборот ќе го стесните на оној кој одговара на Вашиот буџет. Друг фактор кој одлучува при изборот на паркет е дизајнот на Вашиот дом. За да направите добар избор мора да внимавате на бојата, дизајнот и функциојата на паркетот. На пример, поставување на егзотичен паркет на прометно место бара почесто одржување.

"ДОЛГОТРАЕН И ЛЕСЕН ЗА ОДРЖУВАЊЕ!"

Што е тоа што го издвојува паркетот од другите материјали за поставување на подот? Прва предност е тоа што не собира прашина или живи организми што е случај за килимите. На ова би ја додале трајноста на паркетот која може да биде и повеќе од десетина години, за разлика од килимите кои мора да бидат заменети на неколку години. Благодарение на денешните заштитни лакови се заштитува и задржува квалитетот на паркетот, а чистењето е лесно и се сведува на периодично бришење со наменски детергенти. Исто така како важен фактор треба да се напомене економичноста. Иако износот пред поставување на паркетот изгледа поголем, треба да се земи во предвид дека се исплатува поради тоа што трае четири пати повеќе од килимот, одржувањето е лесно и поефтино. Затоа паркетот е прав избор.

Природните карактеристики на дрвото го даваат шармот на паркетот. Секое парче содржи различни шари, и токму тоа го прави да изгледа интересно а не едноставно и монотоно. Како што стареее, бојата на дрвото се менува. Потребно е да го заштитите паркетот од изложеност на сонце со премачкување со средства за одбивање на ултравиолетови зраци, или поставување на прозорци со заштитни слоеви. Исто така треба да внимавате при промена на распоредот на мебелот во домот, се со цел да ги избегнете појавата на гребнатинки. Дури и да се појават одредени гребнатинки истите може да се истружат и прелакираат со што паркетот ќе биде вратен во првобитната состојба пред „незгодата“.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare