Па, ајде да почнеме…
Прво што ни паѓа во очи во овој дуплекс од 80 метри квадратни се сивите тонови. Иако sидовите се бели, сивите тонови со кои е бојадисана циглата се толку нежни што на амбиентот му даваат посебна нежност и елеганција. Портокаловите детали во вид на перничиња и гредите во природна боја , се потрудија овој простор да не изгледа стерилно и студено. Светлите тонови на мебелот , дополнително ја нагласуваат светлината во станот, и го прават поголем.
Дневната зона е од отворен тип и ја сочинуваат: дневниот престој , трпезаријата и кујната со голем камин во средина, кој на свој начин е конектор во просторот. Во зима сопствениците уживаат во огинот , а во лето ова место станува централно место за дружба со романтична светлина на свеќите. Од дневната соба се искача на преубав мал балкон со поглед на париските кровови и урбаното градско јадро.
На горниот кат е спалната соба, малечка ,светла и шармантна. Уредена е, како и останатиот дел од поткровјето, во скандинавски стил, под кров со љубов и вкус.
Како и секогаш, овој пример го споделивме со вас, со цел да ве инспирираме и помогнеме својот дом под кровот да го уредите на најубав и најдобар начин – секако кога за тоа ќе дојде времe.