Директно и силно осветлување не е она што треба да го очекувате од лампи чија површина на абажур е во црна боја. Црната како неутрална боја, поставена околу сијалицата создава меко, срамежливо светло, давајќи и на просторијата топлина, а на вас смирувачки простор. Изгледа како совршена сценографија каде што сите би посакале да играат главна улога во долгите и ладни зимски ноќи. Со оглед на светлината која ја овозможуваат, овие ламби се најдобри за во спалната соба поставени на ноќните масички покрај креветот. Просторијата во која што спиеме има потреба од такво дискретно осветлување.