НОВОГОДИШНА МАГИЈА ВО МАЛ ПРОСТОР

  • 1

Наближуваат новогодишните празници,а со себе ја понесуваат и магијата. Еве неколку примери како Вашиот мал простор да блеска во новогодишниот дух.

1.Изберете мала елка. 
 
Подигнувајќи ја на постолје ќе и дадете поголема важност, ќе добие на висина, нема да зазема преголем простор на подот и нема да Ви смета како големата елка.
 
2.Зошто да не направите алтернативна елка? 
 
Доколку елката зазема дел од веќе малечкиот простор, може сами да си направите елка. Елката го претставува духот на празникот. Најдобар начин е да направите декорација на ѕидот во форма на елка користејќи суви гранки на кои ќе ставите по некој лампион и украс, или направите мини елка за на полица.
 

3.Бидете иновативни. 

Наместо само да го натрупувате просторот со додатни предмети заменете ги веќе постоечките со нови кои ќе бидат во знакот на празниците. На пример, на софата во дневниот простор на местото од старите перничиња, ставете нови со мотиви и пораки за празниците. Ако знаете да шиете уште подобро. Самостојно на лесен начин можете да направите нови навлаки за перниците, додавајќи свои детаљи. Исто така старите секојдневни шолји, заменете ги со уникатни светкави кои ќе допринесат за создавање празнична атмосфера и ќе ги изненадат гостите во Вашиот дом.

"ЗАМЕНЕТЕ ГИ СТАРИТЕ ШОЛЈИ СО НОВИ, СВЕТЛУКАВИ, ПРАЗНИЧНИ!"

4.Украсете ја масичката во дневната соба. 

Таа е онаа која зазема централно место во просторот, па никако не ја занемарувајте. Доволно е да поставите чаршав со Новогодишна и Божиќна тематика, како и да додадете свеќник или празничен цветен аранжман.

5. Нека празничниот дух се забележува уште од влезот.

Дури и најмалиот стан или куќа мора да имаат влезна врата. Ако внатре немате доволно простор за декорација, истата пренасочете ја на вратите. На влезот може да поставите венчиња и гранки, а доколку имате стаклени прозорчиња на вратата украсете ги истите со рустични снегулки, снегулки од хартија или некој друг новогодишен украс.


6. Не заборавајте да ја украсите и терасата.

На оградите поставете зимзелени гранки со украси и лампиони, а ѕидовите декорирајте ги со венчиња.

Compare listings

Compare