НОВОГОДИШНА ДЕКОРАЦИЈА НА ПРОЗОРИТЕ ВО ДОМОТ

  • 1

Зимата е период од годината наменет за божиќните и новогодишните празници. Доколку сакате да ги пречекате истите со стил и во свечена атмосфера проследете некои од идеите како може сами да ги украсите прозорите во домот со минимално вложување на пари а максимално искористување на креативноста.

За реализација на овие идеи потребни се некои секојдневни предмети за декорација и прибор како ножици, лепак, а можеби и коноп во зависност од Вашата замисла.

Може да искористите и стари новини, штипки, тегли и школки, корпи за мафини во најразлични бои и дезени, борови гранки, лампиони, чорапи и слично кои составени согласно имагинацијата ќе допринесат создавање на специфична празнична атмосфера.

"НАПРАВЕТЕ НАЈЕДНОСТАВНИ СНЕГУЛКИ ОД ХАРТИЈА- МАГИЈАТА Е ТУКА!"

Бидете сам-свој мајстор. На пример со помош на боја може да нацртате најразлични празнични тематики на прозорите или ако не сте добар уметник едноставно нацртајте снегулки. Истите може да ги изработите од хартија. Лампионите се интересна варијанта за украсување на прозорите. Едноставно- само закачете ги на корнизот или на рамката од прозорот и празничната магија е тука. Може да ги декорирате дополнително прозорите со борови гранчиња и панделки за дополнителен новогодишен ефект.

Со малку креативност може да се изработат интересни новогодишни украси. На Вас останува како ќе го изведете украсувањето.

Compare listings

Compare