ПРИЧИНИ ЗА НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА ВО ДОМОТ

  • 1

Фенг шуи стручњаците и ентериерните уредувачи предупредуваат на неколку „кризни“ места во домот кои се јавуваат како собирачи на негативна енергија која потоа Вие ја чувствувате. Домот е оаза на мирот, топлината и љубовта, место каде што се гради животот со најдрагите личности. За истиот да изгледа убаво и хармонично треба да се внимава на некои делови од истиот кои влијаат на расположението, здравјето и умот.

НЕУРЕДЕН ВЛЕЗ во домот. Доколку сакате Вашиот дом да биде исполнет со позитивна енергија древната кинеска дисциплина укажува на тоа дека влезот во домот мора да биде чист и уреден. Прд влезната врата не смее да оставате вреќи со отпадоци, а ходникот треба да биде прооден без непотребни предмети и неред.

НЕДОСТАТОК НА РАСТЕНИЈА/ЦВЕЌА ВО ДОМОТ. Растенијата не само што служат како прекрасен украс во домот и куќата туку се и природен филтер на воздухот кој ги впива сите токсични и лоши материи од истиот. Исполнете го домот со зелени билки кои ќе внесат свежина и светлина кои ќе го одстранат стресот, или со разнобојни цвеќа кои ќе понесат со себе радост и ведрина. Фенг шуи стручњаците препорачуваат бамбус за кој се верува дека носи среќа во домот. 

СИРОМАШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ. Лустерот во дневната соба или кујната не е доволен извор на светлина особено во периодот од годината кога има недостаток на природна светлина. Затоа опремете го домот со дополнителни лампи со што ќе ја осветлите просторијата бидејќи голема количина на светлина допринесува за подобро расположение од една страна додека пријатно му одговара на видот од друга страна.

"ШАРЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ВЕДРА И РАЗИГРАНА АТМОСФЕРА"

СИНАТА БОЈА НА ЅИДОВИТЕ ВО ТРПЕЗАРИЈАТА ГО „УБИВА“ АПЕТИТОТ. Некои истражувачи откриле дека бојата на шарите на чиниите и ѕидовите во трпезаријата се поврзани со апетитот. Сината боја изберете ја за спалната соба бидејќи делува приспивно, додека во трпезарискиот простор делува ладно. 

НЕДОСТАТОК НА ШАРЕНИ ДЕТАЛИ. Играјте со боите кога избирате детали за домот, особено кога станува збор за перничињата или тапетите. Домот бојадисан во една боја без шарени и интересни детали потсетува на болница или стерилна просторија во која што нема простор за позитивна енергија.

ТЕЛЕВИЗОР ВО СПАЛНАТА СОБА. Користењето компјутер или гледањето телевизија пред спиење црпи голем дел од човековата енергија, па зато големи се шансите да се чувстувате уморено наредното утро и да имате лоши соништа во текот на ноќта. Доволна причина за Вашиот телевизор да си стои во дневната соба.

Compare listings

Compare