КРЕАТИВНИ НАПРАВИ САМ ИДЕИ ЗА ВАШИОТ ДВОР

  • 1

Дворот преставува место во кое што комплетно може да се релаксирате и опуштите. Во продолжение следат неколку НАПРАВИ САМ идеи кои би можеле да ги применете во Вашиот двор.

1. НАПРАВЕТЕ СОБА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО.

Претворете го Вашиот двор во прекрасна соба во која што ќе уживате со Вашите најблиски. Се што Ви треба се неколку греди од кои може да направите конструкција налик на собен простор, по кој ќе им дозволите на растенијата да растат. Под оваа контрукција доволно е да поставите дрвена гарнитура за седење. Бидете надвор, а чуствувајте се како да сте дома.


2. ПЕСОК.

Поефтина варијанта на циглите и камените плочи претставува песокот. Лесен за одржување и идеално решение. Потребно е само под песокот да поставите полиестетска подлога која ќе го спречи одредени растенија да израснат во песокот. Песокот е одлично решение и за брдовитите предели затоа што дозволува дождот да се цеди низ тлото наместо да тече.

3. МАКСИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ДРВОТО.

Доколку имате бујни дрва низ дворот под кои вегетацијата не може да опстои, искористете го овој простор за да создадете пријатно катче за престојување со тоа што под сенката и ладотијата на крошните на веќе постоечките дрва ќе поставите масичка и столчиња.


4. ЕЗЕРЦЕ?

Не Ви треба голем двор за да имате градина со езерце. Пределот со влажни делови во Вашиот двор нека биде оаза која ќе привлече голем број шарени птици и пеперутки.


5. ДУПЛИРАЈТЕ ГО ЗАДОВОСТВОТО.

Во малечката градина може да има двојно повеќе растенија доколку на пример додадете дрвена решетка или ниска ограда на која што ќе растат цвеќа и останати растенија. На тој начин создавате вертикална градина која не ги загрозува соседните засади.


6. ДРВО ВО МАЛ ДВОР.

Иако дворот е мал, зошто да не одгледувате одредена врста на дрвца кои одлично се вклопуваат во мал простор.


7. ПРИВЛЕЧЕТЕ ПЕПЕРУТКИ И ПТИЦИ.

Дури и малиот простор може да се претвори во рај за птици и пеперутки доколку ги одгледувате оние цвеќа кои тие ги обожаваат. Прекрасно би било доколку би направиле куќарка за хранење и престојување на птици.

"ПРИ УРЕДУВАЊЕ НА ДВОРОТ СО РАСТЕНИЈА ВНИМАВАЈТЕ НА ГОДИШНОТО ВРЕМЕ!"

8. НАПРАВЕТЕ ПАТЕКИ.

За да спречите мешање на тревникот со цвеќата може да направете патека. На овој начин не само што ги одделувате растенијата туку си помагате и себеси со тоа што создавате лесен пристап за количката, косилката или останатата опрема за во дворот.


9. ОДСТРАНЕТЕ ГО ТРЕВНИКОТ.

Искористете го секој сантиметар во Вашиот двор. Уживајте повеќе во дворниот простор наместо да поминувате подолго време во косење и одржување на тревата.


10. НАПРАВЕТЕ РАЗИГРАНИ ПАТЕКИ.

На овој начин визуелно го зголемувате просторот, и создавате илузија на движење низ голем двор. Внимавајте само при одредување на ширината на патеката.

11. САКЦИИ.

Нека дворот биде поживописен така што ќе поставете голем број на сакции и жардинерии со цвеќа и останати миризливи растенија.


12. ВНИМАВАЈТЕ НА ГОДИШНОТО ВРЕМЕ!

Кога планирате да ја уредувате градината користете сезонски растенија, како и некои зимзелени дрва. Пример, лалињата го разубавуваат дворот во пролет, додека зелениките се растенија кои се актуелни преку цела година.


13. БОИ ВО ПРОСТОРОТ!

Често дворовите изгледаат мрачни и тмурни места. Осветлите ги истите со помош на перници, ткаенини, сакции во разни бои и дизајн.


14. КАМУФЛИРАЈТЕ ГИ КАНТИТЕ ЗА ОТПАД.

Нека отпадот не биде изложен во видикот, направете дрвена ограда која ќе го украси просторот каде што се наоѓа кантата.

Compare listings

Compare