КАКО ДА ЈА НАМАЛИТЕ СМЕТКАТА ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

  • 1

Најголемите трошоци во речиси сечиј дом се сметките за струја. Доколку сакате да ги намалите сметките за струја најдобро е да започнете со наједноставните работи- за почеток гасете ги светлата ако не престојувате во одредена просторија. Иако можеби ја напуштате просторијата само на неколку минути, со гасењето на светлото дефинитивно ќе потрошите помало количество електрична енергија и ќе заштедите пари.

Обичните сијалици не се ефикасни во произведувањето светло, затоа што тие 15% од енергијата која што ја примаат ја трошат на светлина додека остатокот се претвара во топлина. За жал, оваа топлина не е доволна за да се загреете во текот на зимата, додека во лето истата пречи.

Ако сакате да заштедите пари, размислете во вложување во флуросцентни светла кои се далеку поисплатливи. Сепак и тие треба да се гасат кога ја напуштате просторијата. Ако сте во можност, променете ги прекинувачите во домот, и сами контролирајте која количина на струја ќе ја користи сјалицата. На овој ќе создадете подобар амбиент за уживање и супер светло за читање во склоп на Вашите потреби а истовремено ќе заштедете пари.

"СО ГАСЕЊЕ СВЕТЛА ВО ПРОСТОРИЈА ДО ПОМАЛИ СМЕТКИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА"

Кога станува збор за прекинувачите постои опција за поставување програмирани прекинувачи кои го гаснат светлото согласно временските услови, онака како што Вие ќе ги програмирате. На овој начин нема постојано да размислувате дали сте го оставиле светлото запалено преку цел ден или ноќ кога не сте во домот. Дополнително, овие прекинувачи може да ги програмирате, па така нема да има потреба да шетате низ станот до првиот прекинувач за да го уклучите светлото кога ќе пристигнете дома во доцните часови.

Подните ламби и ламбите за на масичка се прекрасен декор во просториите, па најдобро е да ги поставете во ќошевите затоа што на тој начин светлината се одбива и рефлектира осветлувајќи го целиот простор. Заменете ги обичните сијалици со CFL( сијалици кои користат 70-80% помалку електрична енергија и траат дури десет пати повеќе од обичните. Редовно бришете ја прашината на нив за да може да пренесат максимална светлина. Ако имате светла надвор од домот, најдобро е истите да бидат на сензор при движење. На тој начин светлото ќе се уклучува по потреба а не константно, што дополнително придонесува во намалување на сметката за струја. Исто така, може да користите и сијалици со помала волтажа или соларни светилки бидејќи надвор од Вашиот дом не е потребна јака фокусирана светлина. Соларните светла се исплатлива опција бидејќи воопшто не трошат струја. Ако започнете со промена на овие навидум мали ситници ќе заштедете некој денар на сметката за електрична енергија особено ако се греете со грејни тела на електрична енергија кои сами по себе се големи потрошувачи на истата.

Compare listings

Compare