НАПРАВИ САМ – МИРИЗЛИВИ ПРАЗНИЧНИ УКРАСИ

  • 1

Со употреба на стапчиња од цимет може да направите оригинална декорација за домот и воедно да го внесете мирисот кој ќе го понесе духот на новогодишните празници.

МИРИЗЛИВ ВЕНЕЦ ОД ПОРТОКАЛ И ЦИМЕТ. Стапчињата од цимет и исечените парченца портокал се совршена комбинација чиј мирис најавува празнични денови. Употребете ги за да направите декоративен венец така што дванаесет стапчиња цимет ќе ги поврзете да создадат еден орнамент а потоа наизменично во форма на венец ќе ги наредете исечените парчиња портокал поврзани со орнаментите од цимет.

Исто така може да изработите ОРНАМЕНТИ ОД СТАПЧИЊА ЦИМЕТ. Орнаментите кои ги изработивте за да направете венец со портокал може да ги употребите и самостојно како поединечни украси за елката или влезната врата. За секој украс се потребни дванаесет стапчиња, три дрвени бисери, коноп и долга игла.

"АРОМАТИЧНИ КОЛАЧИЊА - ИДЕАЛНИ УКРАСИ ЗА ЕЛКА"

ЅВЕЗДИ ОД ЦИМЕТ. Симпатични ѕвездички од цимет може да направите лесно, од пет стапчиња цимет, гранчиња ариш и ѕвездовиден анасон. Гранчињата и циметот може да ги поврзете со коноп или да ги залепете со силикон, а на крај да ги украсете со анасон.

 Декорацијата на елката не смее да биде изоставена. За таа цел направете СИМПАТИЧНИ УКРАСИ. Три стапчиња цимет, парче коноп и кожна лента се доволни за да направите шармантни украси за новогодишната елка. Може дополнително да ги украсите со шарен коноп кој ќе го залепите или заврзите на еден агол.

АРОМАТИЧНИ КОЛАЧИЊА. Иако не се јадат, овие ароматични колачи постојано ќе Ве наведуваат да ги изедете. Направете смеса од цимет, јаболко, каранфил, мускатен орев, кардамон и лепак. Обликувајте ги колачињата по своја желба, а со помош на сламка направите дупчиња за да може да ги закачите. Испечете ги колачињата, украсете ги и закачете ги на новогодишната елка.

Не ја изоставувајте ни масата. Направете МИРИЗЛИВА ДЕКОРАЦИЈА за на маса. Соберете шишарки и измиете ги во вода со сапуница. Кога ќе ги исчистите испрскајте ги со мешавина на вода и есенцијално масло. Потоа ставете ги во некој декоративен сад заедно со стапчиња цимет.

 СВЕТКАВИ УКРАСИ ЗА ПОДАРОЦИ ИЛИ ЕЛКА.На сличен начин, користејќи ја истата смеса како и за ароматичните колачина, може да направите миризливи украси кои ќе бидат декорација за поклони, венец или елка. Откако ќе ја испечете смесата, премачкајте ја од едната страна со лепак и истурете светки.

Compare listings

Compare