ПРЕДНОСТИ НА МИНИМАЛИСТИЧКОТО УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

  • 1

Дури и да не го прифаќате минималистичкото уредување на ентериерот во домот, предностите на ова уредување сигурно ќе Ве претворат во љубители на минимализмот.

ПОМАЛ ВИЗУЕЛЕН СТРЕС. Претрупаноста на просторот создава визуелна дистракција, што значи дека сите детали на видното поле по малку го одземаат Вашето внимание. Што помалку предмети, помалку стрес ќе чувствувате во овој случај. Минималистички уредениот дом е смирувачки дом.

ПРИВЛЕЧЕН ЗА РАЗЛИЧНИ ВКУСОВИ. Замислете простор уреден со премногу елементи и минималистичко уреден простор. Во минималистички уредениот простор доминираат деталите во просторот и нивната убавина, убавината на уметноста и парчината мебел. Вашиот дом, на овој начин се претвора во дом кој што ќе им се допадне на лица со различни вкусови.

"ЛЕСНО ОДРЖЛИВ ПРОСТОР"

ЛЕСНО ЧИСТЕЊЕ. Голем дел од елементите во ентериерот е потребно редовно да се чистат. Што повеќе предмети имате, повеќе работа и повеќе чистење околу нив. Замислете колку е практично да се одржува минималистички уреден простор во однос на простор со на пример педесетина елементи во него. Ова секако е екстремен пример, бидејќи не е препорачливо да се има комплетно празен ентериер.

Во продолжение следат неколку примери за минималистичко уредување во домот кои можеби ќе Ве инспирираат да направите промена во Вашиот ентериер.

Извор: www.enterijer.ba

Претходен напис

ПОД ВО БОЈА

Compare listings

Compare