Во продолжение ќе Ви ги опишеме кои услови се неопходни за да се добие медитеранскиот стил, и истиот да сјае во целосен сјај. Ќе Ви објасниме и доловиме која е причината што поткровјата се совршен простор за ваков вид на стил за уредување на ентериерот.
Што е медитеранскиот стил?
Кога размислуваме за медитерански стил, прва асоцијација ни се простории во кои преовладува комфорот, светлината и едноставноста. Медитеранската култура е блиско поврзана со пространството на просторот, поле, сонце, море, бескраен поглед кон небо, и далечен правилен хоризонт. Поради ова, претпоставка е дека внатрешноста е уредена со големи прозорци, балкони, тераси, поглед на отворено небо – со други зборови, потребно е внатрешноста да содржи сè што има едно поткровје. Кога веќе постојат вакви предуслови, медитеранската декорација ќе ни овозможи опуштен и светол ентериер.