МАЛИ ПРОМЕНИ КОИ МНОГУ ЗНАЧАТ

  • 1

Дневната соба е место за одмор и релаксација каде што семеството се собира и се дружи. Тоа е простор кој го презентира нашиот животен стил и вкус во поглед на ентериерното уредување. Од време на време потребни се одредени промени во овој дел од домот за да се задржи чувството на удобност. Тие промени не мора да значат голема промена во мебелот и непотребно трошење пари. И малите интервенции некогаш многу значат.

Наједноставен начин за да внесете промени во дневниот простор е преку разместувањето на мебелот. Искористете го она што го имате а создадете нов изглед на ентериерот. Може да го променете со мебел од другите простории. Заменете го килимот во дневната соба со тој од спалната соба, сликите од трпезаријата поставете ги над софата, а огледалото од ходникот над комодата. Има безброј можности. Оваа прилика е поволна и за одстранување на предмети кои што одреден период не ги користите. Дневната соба е дел од Вашиот дом кој е често исполнет со непотребни парчина мебел и ситни предмети кои што само создаваат неред. Запрашајте се дали навистина Ви се потребни сите предмети кои ги чувате на полици или комода. Ако одговорот е „не“ соберете ги на едно место и одлучете се што ќе фрлите, а може на некого и да подарите или донирате.

На таван или во остава сигурно имате одредени предмети кои сте ги „сокриле“. Размислете добро како може да го искористите нивниот потенцијал. Бидете спремни на мали вложувања- временско и парично. Размислувајте надвор од рамките како би ги искористили предметите и потполно би ја променале нивната првобитна намена. Рамките на старото огледало може да ги бојадисате. Ткаенината на ламбите да ја замените со нова и да поставите сијалица која што дава топла светлина. Досадниот дрвен стол бојадисајте го со некоја интензивна боја и претворете го во полици за цвеќа. Цврстиот куфер со кој повеќе не патувате може да го претворите во клуб масилка. Старата машина за шиење претворете ја во бифе за пијалок. Декорирајте ја просторијата со несекојдневни предмети. Стариот кафез за птици исполнете го со разнобојни големи свеќи, плетената корпа обоите ја со спреј боја и искористете ја за чување списанија или едноставно наполнете ја само со волна во разни бои.

"РАЗМЕСТУВАЊЕ НА МЕБЕЛОТ- НАЈЕДНОСТАВНА ПРОМЕНА"

Двоседот, фотејлите или аголната гарнитура се скапи. Кога ги купуваме пресметуваме колку долго ќе ги користиме и долго време не планираме честа промена. Наједноставен начин да внесеме свежина во дневниот простор е преку поставување перничиња со различни дезени. Може да ги променете самите навлаки во друга боја или шара. Овој трик гарантира сигурна промена, па следно кога ќе дојдат гости во Вашиот дом сигурно ќе ве запрашаат дали сте купиле нова гарнитура. Наместо да ги бојадисувате сите ѕидови во просторијата изберете еден кој може да го покриете со тапети со интересен дезен. Изберете похрабри бои или тапет со впечатлив принт кој што ќе го размрда просторот. Во овој случај потребни Ви се мала количина на парични средства и време за бојадисување на ѕидот или лепење на тапетите. На крајот сепак се ќе биде совршено изведено и ќе се исплати затоа што ќе добиете потполно нов изглед во дневниот простор.

Најдобар начин за внесување свежина во дневниот простор е декорацијата со растенија. Без разлика дали станува збор за зелени растенија или цвеќа позитивниот ефект е неминовен. Единствено што треба да направите е претходно да се запознаете со начинот на одгледување на растенијата и да утврдете кои најдобро одговараат во Вашиот простор во однос на количината светлина, близината на грејните тела како и тоа дали имате мали деца во домот или куќни миленици.

Извор: www.enterijer.ba

Compare listings

Compare