МАЛИ ЕЛЕГАНТНИ ЕНТЕРИЕРИ

  • 1

Погледнете станови со сличен стил, а различен карактер и атмосфера. Заедничко им е тоа што стаклените ѕидови и дрвените полици ги двојат просториите,а истовремено визуелно не ги намалуваат. Предност-Мултифункционални полици. Зоната за спиење е одвоена од останатите зони во станот со отворени полици кои даваат доволно место за складирање на предмети. Отворените полици се добро решение за преградување долги простории со еден извор на природна светлост,при што просторот изгледа поголем и посветол.

Трпезариската маса може да се собира кога не е во употреба и е практично решение за тесна кујна. Движечка врата го двои купатилото кое е сместено позади кујната. Отворен гардеробер со полици кои го исполнуваат целиот простор е идеално решение за мали станови.

Исто така може да го поделите просторот со-Стаклени ѕидови. На местото од полицата за преградување поставете движечки стаклен ѕид кој ќе ја раздвојува спалната соба од дневната. Во дневната соба нека се наоѓа клуб маса која служи за чување предмети.

"ОТВОРЕН ГАРДЕРОБЕР СО ПОЛИЦИ-ИДЕАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА МАЛ СТАН"

Зоната за работа и спиење ќе бидат мирно катче одвоено од другите делови на станот.Под кревет кој е на платформа ќе има простор за складирање. Различните нивоа на двете зони даваат илузија на поделеност на просторот.Светлото дрво,белите ѕидови и огромната природна светлина допринесуваат за пријатност во престојувањето во кујната.

Геометриските плочки поставени на еден ѕид од купатилото внесуваат живот во просторот. Големото огледало на влезната врата прави тесниот простор да изгледа поголем и посветол.

Compare listings

Compare