МАЛ СТАН СО ДЕТАЛИ ВО НЕОНСКИ БОИ

  • 1

Енергичните бои оставаат впечаток во просторот. Интересно е во една просторија во која е искористена одредена боја да се додадат одредени впечатливи детали кои ќе го размрдаат монотониот простор.

Доколку станува збор за мал стан неопходно е внимателно усогласување на боите, затоа што ако се претера со деталите се добива спротивен ефект односно се заморуваат очите.

"ВПЕЧАТЛИВИ ДЕТАЛИ ЗА РАЗИГРУВАЊЕ НА МОНОТОНИОТ ПРОСТОР"

Во продолжение Ви преставуваме гарсоњера со површина 28м2 во која како основна боја се користи сивата, додека деталите се истакнати со јака виолетова боја и бојата на зелен лимон.

Просторот е од отворен тип, додека секоја зона содржи по еден детал.

Compare listings

Compare