ИЗВЛЕЧЕТЕ ГО МАКСИМУМОТ ОД МАЛ ПРОСТОР

  • 1

Живеете во мал простор? Гарсоњера чија површина изнесува можеби скромни 30м2? Тоа значи дека секој сантиметар е важен. Постојат многу начини визуелно малиот простор да изгледа голем и отворен. Се што треба е само да ја искористите имагинацијата во комбинација со креативноста. Еве неколку примери кои можеби ќе Ви помогнат.

1. Нека собата биде поделена на катчиња со различна висина. На овој начин ќе се чувствувате како да сте во посебна соба. Просторот под подигнатиот дел може да го искористите за складирање предмети. 

2. Поставете полици на ѕидовите. Одличен начин за да го искористите просторот. На нив може да ги поставите сите предмети кои Ви се драги, а служат како декорација на просторот. Ѕидовите бојадисајте ги во некоја боја која ќе го оживее просторот. 

3. Нека дели! Еден од ѕидовите бојадисајте го во некоја боја. Ќе го разигра просторот, меѓутоа нема да дозволи да се изгуби минималистичкиот едноставен изглед на истиот.

4. Бело, бело, бело! Белата боја е најупотребувана за бојадисување на домовите. Причина- визуелно остава впечаток на голем простор и простор за комбинација на тематиката на станот. 

5. Предмети на преклопување. Кревет, маса, работна маса…доколку се во варијанта на преклопување се одлични за малиот простор. 

6. Завеси. За просторијата да делува повисока а со тоа и поголема завесите поставете ги што повисоко- на самиот агол помеѓу ѕидот и таванот.

 7. Тајна остава под креветот. Не го затрупувајте просторот со предмети- едноставно само купете кревет под кој ќе може да се складираат предметите. 

8. Преградувачки ѕид. Не само што е одличен за поделување на и онака малиот простор, служи и како додатен простор на кој може да се постават детали, украси, слики, книги и слично.

"ОГЛЕДАЛА ЗА ВИЗУЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ"

9. Додатоци. Килими под мебелот, столовите, слики, цвеќа дополнително ќе го разубават просторот.

10. Мебел. Понекогаш помалите парчиња мебел распространети низ целиот простор дополнително го смалуваат и го прават неуреден. Неколку функционални поголеми парчиња мебел само ќе направат станот да изгледа поголем.

11. Огледала. Поради рефлексијата ја прават собата визуелно поголема.

12. Мебел со двојна намена. Одличен за заштедување простор.

13. Шкафчиња над кревет. Дополнителен простор за складирање предмети кој нема да влијае на стеснување на просторот.

14. Искористете го таванот. Зошто да не! Направете полици кои ќе бидат прицврстени на Вашиот таван. На тој начин не го намалувате просторот за делување, а создавате одличен простор во кој може да оставите некои предмети, книги и слично.

Compare listings

Compare